Menu
November 2018
M T W T F S S
« Sep    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Финишираат подготовките за почеток на годинешниот откуп на тутун

tutun2

 

Во пресрет на годинешниот откуп на тутун, Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски,  одржа работен состанок со Здруженијата на тутунари и откупувачите на тутун. На работниот состанок се презентираше актуелната состојба со производството на тутун, како и очекувањата за годинешните откупени количества на тутун.

Според проценките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со реколтата 2017 година, со тутун вкупно се договорени и засадени 14.342 хектари.

Врз основа на согледувањата на терен, според проценките од страна на здруженијата на тутунопроизводители и на откупувачите, годинешното производство се очекува да биде на ниво од околу 24.000 тони.

Согласно Законот за тутун  и тутунски производи склучувањето на договорите за производство и откуп на тутун за годинешната реколта, заврши на 10-ти април годинава. Регистрирани се девет откупни компании, кои пријавија 29.132 договори за производство и откуп на тутун, или 1.750 повеќе договори во однос на минатата година кога беа пријавени 27.380 договори.

Годинешниот откуп на тутун ќе се реализира по стариот Закон за тутун и тутнски производи, а новиот закон се очекува да се донесе до крајот на оваа година.

Од откупните компании изразија уверување дека имаат обезбедено финансиски средства за исплата на целокупното договорено количество.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски, посочи дека инспекторите ќе бидат постојано на терен на откупните пунктови да го следат откупот, и ги повика компаниите навремено да го пријават откупот  според пропишаните процедури. Тутунарите и откупувачите посочија дека поради лошите временски услови, односно раните мразеви, а потоа и сушата, се очекува помало производство на тутун од договорено производство од 26.532 тони.

Претставниците од здруженијата на тутунари посочија дека претходната година имале проблем со одбитоците што ги вршеле откупувачите и побараа проценката на класите да се врши реално.

Според законските одредби, откупот на тутун треба да започне најдоцна до 15 декември, но доколку откупувачите ги имаат исполнето сите услови, можат и порано да започнат со откуп на тутун.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125