Menu
August 2018
M T W T F S S
« Jul    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Големите фирми денеска го почнаа откупот на тутунот

133969303_1-151043

 

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски  денеска го посети градскиот откупен пункт на Тутунскиот комбинат- Прилеп заедно со директорот на комбинатот Кире Станкоски и со претседателот на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

– Денеска и официјално е прв ден од почетокот на откупот на  тутунот од годинашнава реколта. Овде сме во просториите на Тутунски комбинат-Прилеп. Од девет откупни компании кои имаат право да откупуваат тутун, денеска се отворени пунктовите на шест компании. Очекуваме во наредниот период, до крајниот рок за почетокот на откупот – 15 денкември и останатите три компании да ги отворат откупните пунктови. Досега се пријавени вкупно 149 откупни пунктови во земјава со 185 ваги. До овој момент немаме никакви проблеми,  вели Станкоски.

  До денес  пунктови имаат отворено Сокотаб од Битола, Алијанса од Кавадарци, Тутунски комбинат Прилеп, фирмата „Секе“, „Пашовски“.
– Откупот во овој момент тече според законската регулатива и не очекуваме проблеми. Цените се исти, договорени помеѓу откупувачите и кооперантите. инсшекторатот е присутен секаде, на целата територија – во пелагонискиот, источниот, скопскиот, во велешкиот дел. За сите неправилности при откупот на тутунот тутунарите може да не повикаат и за тоа има бесплатна телефонска линија, вели Станкоски.
Директорот на прилепскиот тутунски комбинат Кире Станкоски нагласува дека парите се обезбедени и оти исплатата ќе се врши во рок од три дена по преземањето на родот.
– Ќе ги преземеме сите договорени количества, околу 2.800 тони. Средствата се обезбедени и исплатата ќе биде во рок од три дена од преземањето на родот. Денеска е отворен пунктот во градот, а од понеделник ќе бидат отворени и откупните пунктови во населените места и тутун ќе откупуваме на вкупно 39 откупни ваги, вели Станкоски.
Претседателот на Сојузот на тутунските здруженија Кире Неделкоски вели дека побарувачката за тутун кај откупувачите е голема и тутунарите очекуваат повисока просечна цена од ланската, особено што родот е квалитетен. Бара тутунарите доколку имаат проблеми, веднаш да реагираат.
– Тутунарите почнаа да го носат родот на откупните пунктови. Поголемиот дел се задоволни, а онаму каде има проблеми и спорни процени, тука се поверениците на Сојузот поставени на откупните места и доколку има забелешки веднаш ќе се реагира и ќе се извести земјоделскиот инспекторат, вели Неделковски.
Додава дека родот годинава е околу 22.000 тони, а откупувачите побаруваат преку 26.000 тони. Тоа значи, потенцира тој, дека побарувачката е голема, а тутунот годинава е со висок квалитет и и се очекува да се постигне повисока просечна цена од ланската.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125