Menu
November 2018
M T W T F S S
« Sep    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Откупот на тутунот се одвива без проблеми

7378-otkupot-na-tutunot-se-odviva-bez-problemi-960x600-1

 

Откупната кампања на тутунот од годинешната реколта во Прилеп, но и на ниво на цела држава се одвива без проблеми. Ова денеска го соопшти директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски којшто на оваа тема разговараше со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

„Откупот на ниво на целата држава, а секако и во рамките на прилепска општина се одвива без проблеми. Од пријавените 9 откупни фирми, досега тутунот го преземаат 8 претпријатија. До последниот рок за отпочнување на откупната кампања 15 декември, се очекува и последната откупна фирма, да обезбеди средства и да почне со откуп. Преземени се околу 7000 од околу 23.000 тони тутун, колку што се очекува да биде тешка годинешната реколта. А, постигната е просечна откупна цена од 204 денари за килограм тутун. Исплатата ќе се врши, така како што е дефинирано во потпишаните договори на кооперантите со откупните фирми“, соопшти директорот Станкоски.

Прилеп е најголемо тутунопроизводствено подрачје во Македонија. Дел кооперанти живеат само од тутунопроизводство. Оттука особено е значајно откупот на реколтата да се врши согласно со законските прописи и регулатива.

Откупната кампања според Законот за тутун, треба да финишира на 15 март.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125