Menu
August 2018
M T W T F S S
« Jul    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Ќе се стимулира побарувачката на тутун и ќе се стабилизира Прилепскиот кобинат

vlada_o

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, советничката за земјоделство, шумaрство и водостопанство, Ленче Николовска и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски, денеска посетија откупни пунктови за тутун Сокотаб во Кривогаштани и во Тутунскиот комбинат во Прилеп.

Од 22 милони килограми колку  што тежи годинашниот род 80 осто  се  веќе откупени во Македонија и во прилепско – битолскиот произвотствен регион, каде што годинава се произведени 15 милиони килограми тутун , откупот е при крај – беше  констатирано при деншната посета на откупните пунктови за тутун Сокотаб во Кривогаштани и во Тутунскиот комбинат во Прилеп.

Само во Прилеп и Кривогаштани произведени се над  6 милони килограми, досега се откупени 70 отсто, по просечната откупна цена од 209 денари за килограм, а  до година се предвидува  да се зголемуваат и сунвенциите. Спорет информациите од сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите исплата за произведениот тутун се врши во рок од  7 дена.

Премиерот Заев заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, советничката за земјоделство, шумaрство и водостопанство, Ленче Николовска и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски, се сретна и разговараше со присутните тутунопроизводители и откупувачи и заеднички беше констатирано дека откупот се одвива солидно, без потешкотии и проблеми и беа нотирани позитивните ефекти од повисоката просечна откупна цена на тутунот, како резултат на дополнителната субвенција за тутунот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125