Menu
December 2018
M T W T F S S
« Nov    
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Расте откупната цена на тутунот, се интензивираат инвестициите во тутунската индустрија

26176134_10155150949278202_2099915242_n

 

Просечната откупна цена на тутунот од реколтата 2017-та достигна 212,7 денари за килограм. Откупот на тутун е во завршна фаза и се очекува да заврши до крајот на месецот. Досега според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство се откупени повеќе од 19,4 милиони килограми тутун во вредност од близу 60 милиони евра. Тутунот годинава е со добар квалитет, кај компаниите има интерес за откуп и засега нема пријавено проблеми во однос на проценката на класите.

Производството на тутун е стратешка култура на Република Македонија, со извоз во вредност од 100 милиони евра годишно.Во просек годишно откупот на тутун е околу 25 милиони килограми, со вредност од над80,5 милиони евра.

Тенденцијата на Владата е да се зголеми побарувачката на тутунот со зголемување на конкурентноста на пазарот преку влез на нови откупувачи на пазарот и инвестиции во тутунската индустрија, што крајно ќе влијае и врз зголемување на откупната цена на тутунот.

Кон крајот на минатата година компанијата „Бритиш-Aмерикан Tобако“ (БАТ) инвестираше 13 милиони евра во Македонија, сума која што беше инвестирана во ТДР СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје,прекукоја „Бритиш-Aмерикан Tобако“, работи на македонскиот пазар. Целта на инвестицијата е консолидација и развој на својот бизнис, зајакнување на позицијата на пазарот и отворање на нови директни и индиректни вработувања во компанијата во Македонија.

Од компанијата потенцираат дека се задоволни со резултатите оддосегашната работа во Македонија, бидејќи континуирано бележат пораст на уделот на македонскиот пазар. За Македонија, инвестицијата освен отворање на нови работни места, ќе придонесе кон успешно позиционирање на регионалниот пазар.

„Бритиш-Американ Тобако“ во 2015 година ја купи хрватската компанија „Творница духана Ровињ“. Станува збор за една од водечките мултинационални компании за тутун во светот, која ги продава своите брендови на повеќе од 200 пазари низ светот. Оваа компанија од Македонија откупува тутун, меѓутоа не преку македонското друштвото, туку од компаниите кои откупуваат тутун од примарните производители.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125