Menu
August 2018
M T W T F S S
« Jul    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Унапредувањето на трговската и економската размена со Русија е од заеднички интерес за двете земји

27503686_2100419150179613_3051684684213170965_o

Во рамки на официјалната тридневна посета на Москва, Русија, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, амбасадорот на Република Македонија во Русија Гоце Карајанов, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство  Јане Станкоски и директорот на Македонско-руската Стопанска комора  Дејан Бешлиев,  имаше работна средба со министерот за земјоделство на Руската Федерација, Александар Ткачов.

На средбата беше потенцирана потребата од унапредување на економската и трговската соработка помеѓу Република Македонија и Руската Федерација, што е од заеднички интерес за двете земји.Министерот Николовски, посочи дека Владата на Република Македонија, ќе ја продолжи поддршката на македонските компании за промоција на нашите земјоделско-прехрамбени производи на рускиот пазар, преку поддршка за нивен настап на најголемите саеми во Москва, како што е актуелниот „Продекспо“ и „Светот на храната“. Министерот Ткачов, порача, Македонија да продолжи со промоција и збогатување на асортиманот со нови македонски производи, за кои има интерес на пазарот во Русија.

На работниот состанок, на кој што од македонска страна присуствуваа, амбасадорот на Република Македонија во Русија Гоце Карајанов, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски и директорот на Македонско-руската Стопанска комора, Дејан Бешлиев, се разговараше и за унапредување на соработката во областа на фитосанитарниот надзор. Воедно на средбата двајцата министри разговараа и за експертска помош од страна на Русија за македонската  фитосанитарна инспекција, согласно потпишаниот Меморандум за соработка.

Извозот на македонски земјоделски производи во Русија бележи континуиран пораст во изминатите неколку години, а носечки производи се праските, доматите, зелката, сливите, цигарите. Благодарение на промотивните настани, се очекува асортиманот на македонски земјоделски производи да се збогати со нови производи, како што се македонските вина и млечни производи. Извозот на земјоделско-прехранбени производи од Република Македонија во Русија во 2017 година изнесува 30,2 милиони евра. Русија е заинтересирана за извоз на житарици во Македонија, а најмногу за извоз на пченица.

Во рамки на официјалната посета на Москва, министерот Николовски, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство  Јане Станкоски и директорот на Македонско-руската Стопанска комора  Дејан Бешлиев, денеска присуствуваа и на најголемиот саем за широка потрошувачка „Продекспо“. На овој саем годинава своите производи ги претставуваат шест македонски компании, чии што настап на саемот е во организација на Македонско-руската стопанска комора и со финансиска поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Саемот „Продекспо“,  се одржува секоја година во месец февруари, на вкупна површина од околу 100.000 м2, а со свои штандови присуствуваат претставници од преку 2.000 компании од над 60 земји од светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125