Menu
February 2019
M T W T F S S
« Jan    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Ќе се активира работата на Меѓувладината македонско- руска комисија

27540360_2100841360137392_5558030370154274273_n

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Љупчо Николовски, амбасадорот на Република Македонија во Русија Гоце Карајанов, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски и директорот на Македонско-руската Стопанска комора  Дејан Бешлиев  во рамки на официјалната посета на Москва,  денеска имаа работен состанок со претседателот на рускиот дел од Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка, г. Максим Травников, на кој што беше разговарано за широк спектар на прашања, кои се од заеднички интерес за Република Македонија и за Руската Федерација.

Позитивно беше оценет растечкиот тренд на трговската размена помеѓу двете земји, особено извозот на македонски земјоделско-прехрамбени производи на рускиот пазар, со оглед на фактот дека истиот има најголемо учество во вкупната вредност на извозот во Русија, а интересеот за македонските земјоделск-прехрамбени производи во Руската Федерација континуирано расте.

Дел од темите за кои што се разговараше на состанокот  беа за потенцијалните проекти за кои постои заеднички интерес во областа на енергетиката, туризмот, образованието,спортот и науката.

На состанокот беше договорено, во следниот период, да се преземат конкретни чекори од двете страни за возобновување на соработката, како во рамки на Меѓувладината македонско – руска комисија за трговско-економска и научно – техничка соработка, така и во рамки на нејзините работни групи, со цел да се создадат услови за одржување на 9-тото заседавање на седницата на Меѓувладината комисија.

Во рамки на официјалната посета на Москва, министерот Николовски, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски и директорот на Македонско – руската Стопанска комора  Дејан Бешлиев,  денеска го посетија  Македонскиот дом, во склоп на најголемиот агрокластер во Источна Европа  „Фуд сити“. Во агрокластерот работи постојаниот изложбен штанд „Македонски дом“ место каде што досега се претставени 18 компании, од 5 гранки, односно од  конзервната, млечната и винската индустрија, како и останати пијалоци и кондиторски производи. „Македонскиот дом“  беше отворен во март минатата година ,врз основа на договорот на Македонска руска стопанска комора и Трговската комора на Москва.

Функционирањето на овој дом важно за промоција на македонските земјоделско-прехрамбени производи,  бидејќи компаниите кои се претставуваат, имаат  можност да работат со руски фирми од регионите но и од други земји кои имаат свои претставништва во Руската Федерација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125
hacklink nedir hacklin seo ve hacklinkin faydaları hacklink hacklink satış hacklink panel hacklink al hacklink seo evden eve nakliyat bmw yedek parça mercedes yedek parça seo nedir seo analiz googlede üst sıraya çıkmak gibi kesin sonuçlarla seo çalışmasında kaliteli hizmet veren hacklink adresi www.profseo.co dur.evden eve nakliyat böcek ilaçlama paykasa paykasa bozdurma aradığınız bütün kelimeler sadece burda. instagram takipçi hilesi bypass shell wso shell hacklink satış hacklink panel wso shell hacklink hacklink hacklink al hacklink seo nedir Google