Menu
April 2018
M T W T F S S
« Mar    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Традиционално одбележан денот на лозарите и винарите Свети Трифун

27971786_2104753303079531_2316039009433041569_n

 

Денешниот празник на лозарите Свети Трифун, го означува и почетокот на новата производствена сеозна во лозарството.По тој повод заедно со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделие Љупчо Николовски, советничката за земјоделие  Ленче Николовска, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски  и други,  заеднички со лозарите го одбележаа овој голем празник во најголемите лозарски региони Неготино и Кавадараци.

При посетата на Кавадарци, премиерот Заев, министерот Николовски, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски   остварија средба со присутните граѓани на централниот плоштад во Кавадарци, и во изјавата за медиумите порача дека со посебно внимание се решаваат проблемите на лозарите, дека се води грижа за навремено исплаќање на субвенциите и тоа дека во тек се и разговори со винариите и откупувачите за откупот на годинешната реколта.

Празникот на лозарите и на винарските визби  Св. Трифун, традицонално се одбележа со закројување на лозовите насади на винарниците Тиквеш во Лепово, Неготино и Попова Кула во Демир Капија, а воедно и имаа можност да присуствувам на дегустација и лицитација на повеќе видови на вино од хуманитарен карактер, во винарницата Кралица Марија во Демир Капија.

При посетата на винарниците, премиерот Заев, министерот Николовски, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство  Станкоски  остварија средба и со претставници од бизнис секторот, сопственици на повеќе винарници и откупувачи на грозје, при што беа разменети искуства и сугестии за подобрување на состојбите во овој сектор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125