Menu
October 2018
M T W T F S S
« Sep    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Трибина со земјоделците во Конче: Повисоки субвенции за килограм тутун, стимулација за подобар земјоделски производ

28277284_2109915402563321_3481720377258588864_n1
    Претседателот на Република Македонија, Зоран Заев, денеска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, советничката за земјоделство на ПВРМ, Ленче Николовски, директорката на УЈП Сања Лукаревска, директорите на Платежната агенција и на Државниот инспекторат за земјоделство, Николче Бабовски и Јане Станкоски, присутсвуваа на трибина со земјоделците од општина Конче за состoјбите во тутунопроизводство и генерално во секторот земјоделство.На трибината приствуваа голем број земјоделци и тутунопроизводители, кои од премиерот Заев беа информирани за мерките и активностите кои ги презема Владата за подобрување на нивната положба и реализирање на дадените ветувања за повисоки откупни цени на тутунот и зголемувањето на субвенциите за секој откупен килограм тутун.

    При тоа премиерот Заев посочи дека откупот на тутун заврши без проблеми, со највисока просечна откупна цена од 217 денари по килограм.Денеска, пред земјоделците во општина Конче, се презентираа новиот модел во три нивоа за зголемено субвенционирање на тутунот, со одредбите од новиот Закон за тутун и тутунски производи, од следната година, значително ќе се олесни административната процедура за земјоделците при склучувањето на договорите со откупните компании.Со носењето на новиот Закон за тутун и тутунски производи се укинува поднесувањето на евидентните производи.

     Премиерот Заев им порача на присутните земјоделци дека политиките за развој на тутунопроизводството ќе се применат и во другите земјоделски гранки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125