Menu
July 2018
M T W T F S S
« Jun    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Отворање на нови откупни центри и сигурен пласман за земјоделските производи

st1

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски, денеска во Струмица присуствуваа на трибина за моменталната состојба со градинарското производство и откупот на земјоделски производи. На трибината присуствува земјоделци и откупувачи на земјоделски производи од струмичкиот регион.

На трибината беа презентирани политиките на Владата на Република Македонија за развој на земјоделството, како и мерките за поддршка на градинарското производство.Министерот Николовски посочи дека во следниот период интензивно се работи на отворање на нов откупно-дистрибутивен центар во Струмица и наоѓање нови пазари за пласман на земјоделските и градинарските производи.Според Николовски,  денешната средба е продолжување на ваквите состаноци кои ги одржуваат низ клучните земјоделски региони во државата и во пресрет на откупната сезона.

Земјоделците се интересираа дали е почната ревизијата на даденото земјоделско земјиште под концесија, бидејќи според земјоделците дадените површини не се обработуваат целосно и плус тоа истото земјиште се издава под закуп.Производителите на јапонска јаболка побараа намалување на цената на сертификатот за извоз „Глобал Габ“, а голема интерес беше искажан и за плаќањето на персоналниот данок, односно за ослободувањето на земјоделските производители кои остваруваат до еден милион денари.
Сојуз на синдикат на земјоделски производители побараа да учествуваат во донесувањето на земјоделските политики, потоа да има заштитени откупни цени, а во креирањето на даночната политика да учествуваат и земјоделците. Тие побараа покрај т.н „зелена нафта“, да добиваат субвениции и за бензинот, бидејќи голем дел од површините во Струмичко се наводнуваат со пумпи кои работат на бензин. За нив е важно да биде намален рокот за исплата на откупеното производство.

За министерот Николовски барањата и прашањата на земјоделците се вистинска слика на теренот.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125