Menu
September 2018
M T W T F S S
« Aug    
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Во 2017 година постигната највисока откупна цена на винското грозје од 13,67 денари за килограм

lozari

 

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со претставници од Владата на Република Македонија  и директорот на Државниот инспектопрат за земјоделство Благој Индов, одржа работен состанок со претставници од винарските визби и со лозарите. Темата на состанокот беше моменталната состојба во лозарството и винарството,со посебен акцент на претстојната берба и откуп на грозје. Ова е само еден од низата состаноци кои изминатиов период беа одржани, а се со цел навреме да планира производството и откупот.

Министерот Николовски посочи дека обврска на МЗШВ  како ресорно министерство е да создаде услови за непречен откуп и стабилни откупни цени, поволен амбиент и за винарниците и за лозарите, и дека тоа се постигне само преку навремени и редовни средби со винарниците и лозарите.

При тоа министерот Николовски потенцираше дека субвенциите за лозарството од Програмата за финансиска поддршка за 2017 година со која за 10 отсто беше зголемена основната субвенција, се во целост исплатени навреме пред почетокот на новата производствена сезона. Односно за одржување на лозови насади  се исплатени над 745 милиони денари и за дополнителните субвенции од 2 денари за предадено грозје односно над 134 милиони денари. Откупеното грозје од реколтата 2017-та од страна на винарските визби е целосно исплатено. Просечната откупна цена на винското грозје во 2017 година е 13,67 денари за килограм, што претставува зголемување од 11,5 отсто во споредба со 2016 година кога била 12,27 денари за килограм. Ова е највисоката просечна откупна цена во последните шест години.  Оваа година се очекуваат повисоки откупни цени на грозјето, пред се поради зголемената побарувачка на глобалниот пазар. Винарските визби немаат залихи и најавуваат откуп од близу 143 милиони килограми.

Според проценките на МЗШВ и на винарските визби оваа година се очекува да биде поволна од аспект на извозот и вредност на извозот, ако се има во предвид дека заклучно со април годинава вкупниот извоз на вино од Македонија бележи пораст од 8 отсто по количина и 11 отсто по вредност, додека просечната цена по единица мерка бележи пораст од 3 отсто, споредено со истиот временски преиод во 2016 година.

Министерот Николовски посочи дека МЗШВ интензивно работи на развој на оваа извозно оринетирана гранка. Во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 20 отсто се  повисоки субвенциите за одржување на лозови насади за они кои имаат од 1 до 10 хектари, односно за лозарите со развоен потенцијал, или  наместо 44.000 ќе добијат 48.000 денари по хектар. Исто така се воведе нова дополнителна субвенција од 12.000 денари по хектар за реконструкција на лозови насади, за промена на сортимент, што е важно за следење на светските трендови и за зголемување на конкурентноста.

Владата на Република Македонија, заедно со МЗШВ и во следниот период ќе ја следи состојбата на терен, односно бербата и откупот, посебно во делот на почитување на договорите и навремена исплата на откупениот род.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125