Menu
March 2019
M T W T F S S
« Feb    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Државниот инспекторат за земјоделството одзема вкупно 73 рибарски мрежи и 370 парчиња белвица

Државниот инспекторат за земјоделството во координирана акција со МВР Охрид одзема вкупно 73 рибарски мрежи и 370 парчиња белвица, поради прекршување на Законот за Државен инспекторат и на Законот за рибарство и аквакултура. Конкретно, на ден 14.08.2018 година од страна на овластени лица од ДИЗ и МВР Охрид  извршена е вонредна контрола на потегот над с.Калишта и с.Радожда. При тоа во водите на Охридското Езеро кај с.Калишта во различити правци од риболовната вода биле затекнати 13 физички лица распоредени во 7 кајчиња, кои што се движеле и поседувале недозволен риболовен алат (висечи, летечи-лебдечки) мрежи. Од страна на надлежните лица е извршено пребарување, при што од водите на Охридско Езеро се извадени  вкупно 73 рибарски мрежи со димензии на окца од 26 мм (вкупно 40 парчиња) и 24 мм  (вкупно 33 парчиња) со поединечна должина на мрежа од 50 метри или во вкупна должина од 3650 метри. Исто така од водите беа извадени 370 парчиња на охридска белвица во количина од 33 килограми.

За акцијата е изготвен записник и заедно со целокупниот риболовен алат и риби се предадени на ДИЗ. Наведеното дело (движење и задржување во риболовна вода со носење – поседување на недозволени риболовни средства визечи, летечи – лебдечи мрежи е дело спротивно на член 93, став 1, казниво дело по член 112, став 1, точка 17 од Законот за рибарство и аквакултура.

По комплетирање на Предметот од страна на ДИЗ ќе  бидат изготвени 13 Записници со констатирани прекршоци и на секое лице ќе му биде издаден по еден прекршочен платен налог во висина од 500 евра.

За настанот дополнително од страна на ДИЗ ќе биде известено ОЈО Струга имајќи предвид дека лицата пред да бидат констатирани како се движат и задржуваат во риболовната вода со носење – поседување на недозволен риболовен алат – висечи, летечи – лебдечки мрежи истите вршеле и незаконит риболов што е спротивно на член 229 од К.З на Р.М.

Вонредниот инспекциски надзор само ги потврди сознанијата кој ги поседуваа овластените лица на ДИЗ дека се врши масовно рибокрадење во водите на Охридско Езеро со посебен акцент во с.Калишта, с.Радожда, с.Пештани но и на некои други локалитети.Заради сузбивање на ваквите појави и во следниот период ќе се спроведуваат засилини и нтензивни контроли од страна наинспекорските служби на ДИЗ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125
hacklink nedir hacklin seo ve hacklinkin faydaları hacklink hacklink satış hacklink panel hacklink al hacklink seo evden eve nakliyat bmw yedek parça mercedes yedek parça seo nedir seo analiz googlede üst sıraya çıkmak gibi kesin sonuçlarla seo çalışmasında kaliteli hizmet veren hacklink adresi www.profseo.co dur.evden eve nakliyat böcek ilaçlama paykasa paykasa bozdurma aradığınız bütün kelimeler sadece burda. instagram takipçi hilesi bypass shell wso shell hacklink satış hacklink panel wso shell hacklink hacklink hacklink al hacklink seo nedir Google