Menu
November 2018
M T W T F S S
« Sep    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Инспекторатот за земјоделие ја презема контролата за генетски модифицираниот ориз

39872795_2222434421372490_5070649221565120512_n

 

Државниот инспекторат за земјоделство од денеска треба да ја преземе контролата за генетски модифицираниот ориз во Македонија.  Откако ќе ги добие резултатите што ги спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство, Инспекторатот ќе продолжи со акцијата за да утврди кои се увозниците на генетски модифицираното семе.

АХВ денеска треба да ни ги достави резултатите за тоа каде е најдено семето и ние да пуштиме инспекциска контрола, за да провериме и да стасаме до увозникот, до носителот на семето. Тоа ќе се утврди во наредните денови“, изјави за МИА директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Благој Индов.

Тој нагласува дека увоз на генетски модифицирано семе не е забрането, но мора да е со сертификат и декларирано.

„Семето во овој случај не е увезено легално. Затоа, ќе ги продолжиме контролите. Наредниве денови ќе се истражува тоа. Уште не се знае за колку семе станува збор, утврдено е само дека кај повеќе производители има генетски модифициран ориз“, дополнува директорот.

Според него, одговорност секако ќе има, согласно законските прописи. Можни се парични казни или одземања на лиценците за увоз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125