Menu
October 2018
M T W T F S S
« Sep    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

ДИЗ: Кочанскиот ориз не е генетски модифициран

mkd-390990

 

Како што соопшти денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) Благој Индов, станува збор за сортите ориз кои по првичните анализи на Факултетот за ветеринарна медицина покажаа присуство на ГМО.

„Резултатите од суперанализата на позитивните примероци ориз кои беа испратени во акредитирана лабораторија на ЕУ се негативни. Тоа значи дека оризот од кој беа земени примероците не е генетски модифициран“, истакна Индов.

Инспекторатот исконтролирал повеќе складови и земал вкупно седум мостри од сомнителните сорти. Притоа, кај две резултатите биле позитивни за ГМО поради што биле испратени на суперанализа.

„Контролите продолжуваат. Примероци за анализа ќе се земат и од следната реколта, од оние сорти за кои сметаме дека се сомнителни“, рече директорот.

Негова оценка е дека производителите во Кочанско нема да претрпат штети зашто анализите се спроведувале во период додека оризот се уште бил во фаза на стасување, а жетвата допрва ќе почне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125