Menu
March 2019
M T W T F S S
« Feb    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Запленети 68 мрежи во акција против рибокрадци на Охридслото езеро

Водени од сознанијата дека во водите на Охридското езеро се врши масовно рибокрадење, особено во регионот на селата Калишта, Радожда, Пештани и други локалитети, а се со цел сузбивање на погоре наведените состојби, на ден 01.11.2018 година, Државниот инспекторат за земјоделство организираше  акција за спречување на рибокрадци. Акцијата се одвиваше со поддршка на припадниците на езерската полиција од СВР Охрид. Резултатот од спроведената акција се одземените 68 рибарски мрежи со димензии на окца од 26×26 мм со вкупна должина од 3400 м и 6 мрежи за лов на јагула со димензии на окца 32×32 или вкупно 300 м.

Воедно запленети се и 20 мрежи за лов на белвица со димензии 28X28 мм со вкупна должина од 1000 м. Овие мрежи се во сопственост од познат сторител.

Во акцијата се запленети вкупно 346 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 36.5 кг.

При чистење на белвичарските мрежи беа извадени 20 парчиња подмладок од охридска пастрмка, со тежина од 150 до 200 гр кои беа внимателно извадени и вратени во Охридското езеро.

Наведеното дело (движење и задржување во риболовна вода со носење – поседување на недозволени риболовни средства визечи, летечи – лебдечи мрежи е дело спротивно на член 93, став 1, казниво дело по член 112, став 1, точка 17 од Законот за рибарство и аквакултура.

Сакаме да потенцираме дека успешноста на овој надзор – контрола се должи на несебичното залагање на секое овластено лице од ДИЗ, припадниците на езерската полиција, како и високиот степен на дискреција при организирање на истата.

ДИЗ се заблагодарува за професионалната и несебична поддршка на сите инволвирани чинители во акцијата кои придонесуваат за зачувување на нашето природно богатство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125
hacklink nedir hacklin seo ve hacklinkin faydaları hacklink hacklink satış hacklink panel hacklink al hacklink seo evden eve nakliyat bmw yedek parça mercedes yedek parça seo nedir seo analiz googlede üst sıraya çıkmak gibi kesin sonuçlarla seo çalışmasında kaliteli hizmet veren hacklink adresi www.profseo.co dur.evden eve nakliyat böcek ilaçlama paykasa paykasa bozdurma aradığınız bütün kelimeler sadece burda. instagram takipçi hilesi bypass shell wso shell hacklink satış hacklink panel wso shell hacklink hacklink hacklink al hacklink seo nedir Google