Menu
December 2018
M T W T F S S
« Nov    
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

МЗШВ: Заедно со земјоделците работиме на нова мерка за стабилизирање на откупот на оризова арп

IMG_3287

 

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство заедно со Дпжавниот инспекторат за земјоделство работат на креирање на нова мерка за поттикнување на откупот на оризот, ова денеска во Штип, им го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на производителите на ориз. Николовски посочи дека се работи за дополнителна субвенција, а деталите околу висината и критериумите ќе се прецизираат на почетокот на следната недела заедно со земјодеците.

„Оваа година производството е околу 17.000 тони оризова арпа, од кои само процент или само 18 отсто е предадена. Целта на новата дополнителна субвенција, на којашто како што како ресорно министерство работиме, е да се поттикне зголемување на откупот, да се раздвижи пазарот, да се зголеми откупната цена. Мерката ја креираме според барањето на оризопрозиводителите и праќаме јасен сигнал за нашата посветеност за развој на ова традиционално производство, на овој наш извозен бренд“, порача министерот Николовски.

При тоа Николовски, потенцираше дека освен овие мерки на земјоделците им стојат на располагање и мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Оваа година субвенцијата со користење на сертифициран семенски материјал е 12.000 денари по хектар, за без семенски материјал е 6.000 денари. За 20 отсто е зголемена субвенцијата за растително производство вклучително и за оризот за земјоделците со развоен капацитет. Конкретно, за оние кои имаат површини од 5 до 50 хектари, субвенцијата изнесува 14.400 денари по хектар за користен сертифициран семенски материјал и 7.200 денари за без семенски материјал. Го зголемивме и скалестото рангирање од минимум 10 хектари на 20 хектари за исплата на 100% од субвенцијата. Дополнително доколку се користи семенски сертифициран ориз се добиваат 3.000 денари по хектар. Во првата година од мандатот за 300 отсто беа зголемени субвенциите за оризот. Дополнително како што посочи Николовски, олеснителна околност за компаниите откупувачи и извозници на ориз, е што веќе со Србија е потпишан договор кој функционира за признавање на македонскиот сертификат за ГМО, а радиоактивност се испитува на самиот граничен премин.

Досега за резултати од овие анализи македонските компании чекаа околу 5 дена, а сега директно ја поминуваат границата без задржувања. Како дел од системските мерки кои ќе се преземаат за развивање на производството на ориз е и поддршката за Институтот за ориз во Кочани, за кој како што кажа Николовски, преку Програмата за рурален развој е предвидена финансиска поддршка, кој има важна улога во враќање на автохтоните сорти и употребата на семенскиот материјал.

На денешната средба со земјоделците, министерот Николовски заедно со дирекротот на Државниот инспекторат за земјоделство Благој Индов ги информирамираа присутните и за мерките кои ќе се преземаат во однос на неорганизираниот откуп на ориз, увозот и употребата на пестициди, предавањето на оризот кај откупувачите, развивање на договорно производство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125