Menu
April 2019
M T W T F S S
« Mar    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Средба со земјоделците во Делчево: Го развиваме овоштарството со развојни мерки и зголемени субвенции по површина

IMG_5549

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорите на надлежните институции во секторот земјоделство и со градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски , денеска имаа работна средба со земјоделците од делчевскиот регион. Фокусот на средбата беа актуелните состојби во земјоделството со акцент на овоштарството и сточарството , како и новите мерки во Програмите за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој за оваа година за сите земјоделски гранки. На трибината се дискутираше и за сите предлози на земјоделците и идните политики кои МЗШВ ќе ги преземе за развој на секторот.

Министерот Николовски на трибината информираше дека мерките што се преземаат во делот на овоштарството се по препорака на Европската унија, а една од измените е трансформирање на мерката за предадено овошје во основната субвенција по површина која во новата Програма за директни плаќања е зголемена, што беше прифатено од земјоделците на трибината. Воедно информираше дека до крајот на април ќе се исплати дополнителната субвенција од 2 денари за килограм, за правни лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи, кои откупуваа сливи во 2018 година.

При тоа Николовски посочи дека преку мерките од ИПАРД 2 програмата и Програмата за рурален развој ќе се развива преработувачката индустрија во делот на земјоделството, која е важна за обезбедување на сигурен пласман на земјоделските производи и решавање на вишоците од земјоделски производи.

Во делот на сточарството, Николовски посочи дека бројот на добиток изминатите години бележи пад, и затоа сите политики што ги презема МЗШВ во консултација со сточарите се во насока на зголемување на бројот на добиток и развој на целиот сектор. Во врска со актуелната состојба со откупот на јагне, Николовски  потенцираше дека МЗШВ ја следи состојбата и нема да се дозволи сточарите одгледувачи на овци да трпат загуби.

Како клучни, Николовски ги посочи, измените на Законот за пасишта кои се по препорака од Европската унија и ќе придонесат за правилна распределба на пасиштата, тековниот попис на овци и кози што го спроведува АХВ кој што е важен за да се знае точната бројка за правилна распределба на субвенциите и креирање на соодветни мерки, измените на Законот на данокот за додадена вредност кој е проследен до Влада а со кои се намалува ДДВ-то за ветеринарни лекови од 18% на 5%, зголемената вкупна поддршка за набавка на приплоден добиток  на 1,5 милиони евра со измените критериуми по барање на сточарите, зголемена субвенција за предадено овчо и козјо млеко на 4,5 денари за литар, финансиска поддршка за фотоволтаични колектори кои ќе бидат распоредени во бачилата кои немаат електрична енергија и друго.

Николовски информираше дека во следниот период, Платежната агенција ќе започне со склучување договори со општините од над 30 милиони евра за мерките за инфраструктурни проекти од Програмата за рурален развој. На средбата, министерот ги презентираше политиките и реформите во делот на земјишната политика, новите мерки како воведувањето на субвенцијата за набавка на гориво за земјоделска механизација, мерките од националните Програми и од ИПАРД 2 програмата, проектите во водостопанската инфраструктура. Николовски посочи дека исплатата на субвенциите се одвива навремено тогаш кога им се потребни субвенциите на земјоделците, пред почетокот на новата производствена сезона.

Навреме и пред почетокот на новата производствена сезона исплатени се  субвенциите за житни култури во износ од 5,5 милиони евра на 26.300 земјоделци, 16 милиони евра се исплатија за субвенции за одгледувачите на обележани грла кози, овци, говеда и несилки, близу 4,4 милиони евра за основната субвенција за површина за градинарски култури на 11.428 земјоделци, 9 милиони евра за лозарите, 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади на 9.146 овоштари. Или вкупно од почетокот на годинава до сега се исплатени 40,5 милиони евра за субвенции. Од 1-ви јуни 2017 заклучно со 21-ви декември 2018 година, ние исплативме близу 207 милиони евра за субвенции по сите три Програми, односно за директни плаќања, рурален развој и за рибарство и аквакултура.

При посетата во Делчево,  министерот Николовски имаше средби и со земјоделците на градскиот зелен пазар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125
hacklink nedir hacklin seo ve hacklinkin faydaları hacklink hacklink satış hacklink panel hacklink al hacklink seo evden eve nakliyat bmw yedek parça mercedes yedek parça seo nedir seo analiz googlede üst sıraya çıkmak gibi kesin sonuçlarla seo çalışmasında kaliteli hizmet veren hacklink adresi www.profseo.co dur.evden eve nakliyat böcek ilaçlama paykasa paykasa bozdurma aradığınız bütün kelimeler sadece burda. instagram takipçi hilesi bypass shell wso shell hacklink satış hacklink panel wso shell hacklink hacklink hacklink al hacklink seo nedir Google