Menu
June 2019
M T W T F S S
« May    
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

НАРЕДБА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПОЈАВА И ШИРЕЊЕ НА ШТЕТНИОТ ОРГАНИЗАМ Monilinia fructicola (Winter) Honey И МЕРКИ ЗА НЕГОВО СУЗБИВАЊЕ

Врз основа на член 69, алинеја 5 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15, 39/16 и 83/18), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе

 

НАРЕДБА
ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПОЈАВА И ШИРЕЊЕ НА ШТЕТНИОТ ОРГАНИЗАМ Monilinia fructicola (Winter) Honey И МЕРКИ ЗА НЕГОВО СУЗБИВАЊЕ

 

Член 1

Со оваа наредба се определува преземањето на мерки за спречување на појава и ширење на штетниот организам Monilinia fructicola (Winter) Honey и мерки за негово сузбивање.

 Член 2

Мерките кои се преземаат заради спречување на појава и ширење на штетниот организам Monilinia fructicola (Winter) Honey и мерките за негово сузбивање имаат за цел да се:
а) сведе на минимум фитосанитарниот ризик за негова појава и ширење;
б) лоцира и одреди неговата распространетост и дистрибуција на територијата на Република Северна Македонија;
в) намали инфективниот потенцијал на габата и
г) стави под контрола неговата дистрибуција.

Член 3

Мерките за спречување на појава и ширење на штетниот организам Monilinia fructicola (Winter) Honey и мерките за негово сузбивање се преземаат на местата на производство, местата на складирање и дистрибуција и местата на увоз над растенија и растителни производи кои припаѓаат на следните родови:
– Prunus sp. (праска, нектарина, цреша, вишна, слива и кајсија);
– Malus sp. (јаболка);
– Pyrus sp. (круша) и
– Cydonia sp.(дуња).

Член 4

При преземањето на мерки за спречување на појава и ширење на штетниот организам Monilinia fructicola (Winter) Honey и мерките за негово сузбивање, треба да се примени Упатството за преземање на мерки за спречување на појава и ширење на штетниот организам Monilinia fructicola (Winter) Honey и мерки за негово сузбивање, кое е дадено во Прилог и е составен дел на оваа наредба.

Член 5

Оваа наредба влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 103-40/4,                                                                      Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

15 април 2019 година                                                                                           Љупчо Николовски

Скопје

 

Прилог

Упатство за преземање на мерки за спречување на појава и ширење на штетниот организам Monilinia fructicola (Winter) Honey и мерки за негово сузбивање

 

  1. Вовед

Во ова упатство се дадени насоки за преземање на мерки за спречување на појава и ширење на штетниот организам Monilinia fructicola (Winter) Honey и мерки за негово сузбивање. 

 1.1. Идентитет

Назив: Monilinia fructicola (Winter) Honey
Синоними: Sclerotinia fructicola (Winter) Rehm
Анаморф: Monilia sp.
Таксономија: Габа: Ascomycetes: Helotiales
Bo Листата на EPPO – A2 бр. 153, во Република Северна Македонија Листа I дел А секција I

Monilinia fructicola е фитопатогена габа од редот Helotiales. Предизвикува кафеаво гниење на плодовите од коскестото овошје. Освен гниење на плодовите, предизвикува и сушење на цветовите, сушење на гранчињата, и рак-рани на гранките. Габата произведува голем број на спори и може да претставува огромен проблем, особено за време на влажните сезони. Продолжениот влажен временски период за време на цутењето може да резултира со инфекција на голем дел од цутовите. Потребното времетраење на влажните периоди за да дојде до инфекција на цутовите, зависи од температурата. Плодовите може да бидат заразени од заврзувањето па се до бербата, но најосетливи се во фазата на зреење. Симптомите од кафеавото гниење на плодовите може да се јават и после бербата. При топли услови, зрелите плодови може да изгнијат за само два дена.

Главниот спектар на домаќини на оваа габа ги опфаќа овошните видови од фамилија Rosaceae, и тоа претежно праската и другите коскести видови од родот Prunus , а во помала мера јаболкото и крушата. Габата исто така може да се најде кај растенијата од родовите Chaenomeles, Crataegus, Cydonia и Eriobotrya . Bo неодамнешен извештај од Јапонија се тврди дека Monilinia fructicola причинува кафеаво гниење и кај грозјето. Во регионот на ЕРРО најзастапени домаќини на оваа болест се јаболкото, крушата и праската.

Monilinia fructicola презимува во или на мумифицираниот плод или пак на инфицираните ткива кај дрвјата, како што се гранчињата, леторастите и рак-раните на гранките. Конидиите што се формираат во влажни услови, напролет се шират преку ветерот, и во присуство на влага ги инфицираат цутовите, по што доаѓа до сушење на истите. Ова води до инфекција на младите гранчиња или листовите (сушење на гранчињата и листовите) и рак-рани на лисната дршка.

Влажноста игра важна улога во процесот на инфекција со габата. Доколку условите се суви, дури и во присуство на огромен инфективен потенцијал, можноста за инфекција е сведена на нула; при 3 часовен влажен период, инфекцијата и понатаму е ниска; додека при 15 часовен влажен период, патогенот може да инфицира над 80% цветовите од црешата.

Во текот на вегетацијата се формираат голем број на конидии, коишто ги инфицираат зрелите плодови. Формирањето на конидиите зависи од температурата. Температурите од околу 15°С се сметаат за поволни за формирање на голем број конидии, подобро ‘ртење на конидиите и најважно зголемена агресивност на патогенот. Инфицираните плодови обично мумифицираат, но ако до инфекција дојде за време на или пред бербата, може да дојде до гниење на плодовите и после бербата.

Телеоморфниот стадиум (сексуалниот стадиум), кој ретко може да се забележи кај сродните европски видови Monilinia fructigena и Monilinia laxa е доста важен во животниот циклус на Monilinia fructicola.Напролет доаѓа до формирање на апотеции на паднатите мумифицирани плодови. Тие испуштаат аскуси во влажни временски услови, кои што во присуство на влага ги инфицираат цветовите.

  1. Симптоми

Во принцип, освен по пат на лабораториско испитување, не може да се направи разлика меѓу Monilinia fructicola и другите габи коишто причинуваат кафеаво гниење на плодовите. Почесто се јавува кај праската и нектарината, додека пак Monilinia laxa ги претпочита кајсијата и бадемот. Но и двата вида може да се појавуваат кај сите растенија од родот Рrunus и тешко се разликуваат. Monilinia fructigena почесто може да се забележи кај јаболкото и крушата. Кај плодовите, мекото кафеаво гниење (кое некогаш поцрнува кај јаболкото) е проследено со појава на спородохии (перничиња од конидии) на површината од плодот (особено на местата со повреди). Кај Monilinia fructicola и Monilinia laxa, спородохиите се со сивкаста боја, додека кај Monilinia fructigena имаат изразито светложолта боја. При пониска влажност може да не дојде до создавање на перничиња од конидии; наместо тоа целиот плод дехидрира и мумифицира. Инфицираните цутови и листови покафенуваат и венеат и добиваат типичен изглед на исушување. Инфекциите на стебленцето причинуваат кафеави, налегнати рак-рани, кои често се пропратени со акумулирање на површинска смола. Габите причинители на кафеаво гниење предизвикуваат сушење на цутовите и гранчињата и меко распаѓање кај плодовите од праска, цреша и слива. Па така се разликуваат две фази на болеста:

– сушење на цутовите и сушење на гранчињата

Оваа фаза од болеста се јавува рано напролет, во фаза на цветање на овошките, иако до сушење на гранчињата може да дојде и за време на гниењето на плодовите. Најпрвин габата ги колонизира прашникот и толчникот кај цветот. Потоа габата ги напаѓа сите цветни делови, дршките и околните ливчиња, ластарите и гранчињата за коишто е прикачен ластарот. Заразените цутови овенуваат, покафенуваат и обично остануваат да висат на гранчето. Инфекцијата која што се шири на ластарите и гранчињата, резултира со некроза на дрвенестото ткиво (рак-рана). Понекогаш доаѓа до директна зараза на гранчињата и изданоци, кога има продолжени периоди на влага и високи температури.

При влажни услови на површината од заболените цутови и гранчиња се формираат спородохии со сивкасто-пепеласта или сивкасто-кафеава боја кои создаваат конидии (асексуални спори) на површината од заболените цутови и гранчиња. Присуството на на Република Северна Македонија конидии е дијагностички знак со чија што помош се прави разлика меѓу кафеавото гниење од останатите габни и бактериски болести кај коскестото овошје. Од рак-раните често се јавува ексудат на смолеста материја, поради што доаѓа до прилепување на исушените цутови на гранчињата.

– гниење на плодовите

Осетливоста на плодовите на кафеаво гниење се зголемува во текот на 2 до 3 недела пред бербата. Зголемената подложност се поврзува со зголемувањето на содржината на шеќерот додека созреваат плодовите. На почетокот на плодот може да се забележат светлокафеави кружни дамки. Во влажни услови, на овие лезии се формираат шородохии (перничиња од конидии) со пепеласто-сива или пепеласто-кафеава боја. На една лезија може да има и илјадници конидии, каде што секоја од нив има потенцијал да поттикне нова инфекција. Ако условите се влажни и топли при зреењето на плодовите, буквално преку ноќ може да дојде до гниење на сите плодови во рамките на насадот.

Заболените плодови кои нема да отпаднат, дехидрираат, мумифицираат и остануваат да висат на гранката. Понекогаш габичната инфекција се проширува од плодот на гранчињата и на гранките. Иако не така често, кафеавото гниење може да се јави и кај зрелите јаболка и круши.

  1. Начини на ширење и распространување

Габата може да се шири и на подолги и на пократки растојанија. Ширењето на подолги растојанија е преку растителен материјал (подлоги, калем гранки, калемени садници, мали гранчиња со пупки наменети за калемење на подлога од друго растение) кај кои што можеби има латентна контаминација од страна на патогенот, и претставуваат главен начин за внесување и ширење на патогенот на нови површини. Ширењето на пократки растојанија обично се јавува во рамките на овоштарниците за време на дожд или град. Способноста на патогенот да се шири, временските услови и појавата на болеста се во тесна врска, како што беше покажано при изготвувањето, спроведувањето и валидацијата на моделот за предвидување болести.

Во главно, увозот на садници од родовите Prunus, Mains, Pyrus, Cydonia и други од фамилијата Rosaceae коишто потекнуваат од нападнати области, претставуваат најголем ризик за внесување на Monilinia fructicola во земјата. Кај растенијата што се во состојба на мирување, a се наменети за садење, можеби постои латентна инфекција, па затоа е тешко да се „улови“ патогенот при контролите за увоз.

  1. Фитосанитарен ризик

Ризикот од меѓународно ширење по природен пат е релативно низок, дури и кога габата може да се шири преку ветерот и преку инсектите, како што е Drosophila melanogaster (Diptera) којашто можеби е контаминирана со габата. Најверојатниот начин за внес е преку садниот материјал од осетливи видови, особено од вкоренети растенија, но исто така и од пупките. Исто така постои одреден ризик и кај свежото овошје, особено јаболкото, крушата и овошните видови од родот Prunus.

EFSA утврдила дека постои голема веројатност за внесување на Monilinia fructicola преку растителен материјал за размножување, свежи плодови од осетливи родови и преку природен пат од нападнатите европски земји кои што не се членки на ЕУ. Веројатноста е мала ако станува збор за исушени плодови и по природен пат од нападнатите неевропски земји. И во двата случаи, несигурноста е мала. Населувањето на Monilinia fructicola во делот на процената на ризик е доста веројатно, со многу мала несигурност, како резултат на расположливоста на растенијата домаќини со долг период на подложност и поволни природни услови. Конкурентноста на другите видови Monilinia (Monilinia laxa и Monilinia fructigena), земјоделските практики и контролните мерки што во моментов се применуваат, не можат да го спречат населувањето на штетниот организам. Дополнително, штетниот организам е веќе забележан во неколку земји-членки во подрачја на процена на ризикот (Франција, Германија, Унгарија, Италија, Полска, Романија, Словенија и Шпанија).

Голема е веројатноста за ширење на Monilinia fructicola во подрачјата на проценка на ризик, со ниско ниво на несигурност, како резултат на повеќето начини на ширење (природна и потпомогнато од страна на човекот) и широката распространетост на видовите домаќини во делот на процена на ризикот и отсуството на делотворни бариери.

  1. Инспекција

Во суштина, треба 100% да се провери целиот материјал за размножување којшто доаѓа од релевантните растенија домаќини. Се претпочита оваа проверка да се изврши двапати во текот на вегетацискиот период. Инспекцијата на другите култури – насади, како што се комерцијалните овоштарници, да се врши за време на инспекциите за други цели, како на пример при барање други карантински штетни организми.

  1. Земање примероци од растенија

Примероци се земаат во случај да се забележат симптоми кои што укажуваат на зараза со вируси. Како примероци треба да се земат контаминираните делови од растенијата, во различна фаза на развој на симптомите.

  1. Процедура за земање примероци

– По секој земен примерок, алатката или опремата треба да се дезинфицира со алкохол или пак специјална течност за дезинфекција (по можност меѓу партиите, а секогаш меѓу местата на производство).

– Земените примероци од живите растенија треба да се стават во филтер хартија. Секој примерок треба да се стави во посебна пластична кеса на која што ќе биде прикачена етикета. Примерокот треба да се достави во лабораторија што е можно поскоро, но не подоцна од 2 дена. Примероците со живи делови од растенија треба да се чуваат на ладно пред испораката (на 4 °С).

Се препорачува примероците да се земат во присуство на производителот или пак негов претставник и потоа да се запечатат.

  1. Содржина на етикетата

– Потекло на растението
– Ботанички назив на растението
– Сорта на растението (задолжително за растенија наменети за садење).
– Намена/тип на производство
– Големина на проверена партија (увоз) или пак на проверена локација и големина на проверената површина (ари/хектари).
– Забележани симптоми
– Датум на инспекција
– Име на инспекторот

  1. Алатки и материјал за земање примероци

– Лозарски ножици
– Нож
– Ракавици за една употреба
– Комбинезон/најлонски обувки за една употреба
– 70% алкохол или пак друга течност за дезинфекција
– Пластични кеси за една употреба
– Хартија (филтер) што впива течности
– Етикети
– Пломби
– Протокол за земање примероци

Забелешка: 
Од суштинско значење се добрите хигиенски мерки, како би се спречило внесување и ширење на штетни организми или болести. Инспекторот треба да ги преземе сите мерки за заштита за време на сите посети на местата каде што врши инспекција: миење и/или дезинфекција пред инспекторот да влезе на местото на инспекција, или пак да носи мантил за една употреба; да носи ракавици и лабораториски мантил за една употреба каде што е соодветно (особено кога зема примероци од растителен материјал).

  1. Спречување и контролни мерки

Monilinia fructicola е штетен организам на ЕРРО со ознака А2 а исто така и карантински штетен организам за IAPSC. Фактот што Monilinia fructicola се чини дека е попроменлива и прилагодлива, за разлика од европските видови Monilinia fructigena и Monilinia laxa (веројатно во тесна врска со почестата појава на телеоморфниот стадиум) подразбира дека е голема веројатноста да причини сериозни загуби во регионот на ЕРРО, во ситуации каде што европските видови не се значајни. Треба да се забележи дека за Австралија, Monilinia fructigena претставува опасен карантински штетен организам.

10.1. Превентивни мерки за контрола

  1. Да се отстранат сите суви и полусуви гранки и гранчиња.
    2. При резидбата да се реже најмалку 20 cm под сувиот дел, бидејќи габата навлегува длабоко во дрвото. Co оглед на тоа дека коскестото овошје може да се реже и во текот на вегетацијата, најдобро е да не се чека и да се изврши летна резидба на овошките.
    3. Изрежаните заразени гранки и гранчиња да се отстранат од овоштарникот и да се спалат.
    3. Да се отстранат сите заболени, мумифицирани плодови од крошната како и паднатите мумифицирани плодови на почвата во овоштарникот, на кој начин значително се намалува инокулумот (заразниот материјал) од патогенот.
    4. Отстранетите плодови да се спалат или закопаат длабоко во почвата.
    5. Овоштарникот да се одржува чист и без плевелна вегетација.
    6. Доколку е возможно, да се отстранат дивите видови Prunusѕрр. коишто се наоѓаат веднаш до/околу овоштарникот, како и растенија од родовите Chaenomeles, Crataegus, Cydoniaи Eriobotrya, кои се исто така домаќини на габата.

10.2. Хемиски мерки за контрола

  1. Зимско третирање со бакарни препарати (бакар оксид, бакар хидроксид, бакар оксихлорид, трибазен бакар сулфат, Бордовска чорба), најдоцна до почетокот на бубрењето на пупките, за намалување на инфективниот потенцијал на габата;
    2. Третирање во фаза на цветни балони, односно непосредно пред отворање на цветовите (манкозеб, пропинеб, каптан, метирам);
    3. Третирање во фаза на полно цветање, а најдоцна до прецветување на овошките (ципродинил, ципродинил+флудиоксинил, пириметанил, боскалид, боскалид+пираклостробин, фенхексамид, хлорталонил, тиофанат-метил, тебуконазол) и
    4. По потреба уште 1-2 третирања во вториот дел од вегетацијата за заштита на плодовите од кафеаво гниење (ципродинил, ципродинил+флудиоксинил, пириметанил, боскалид, боскалид+пираклостробин, фенхексамид).

Co оглед на фактот дека заразата на плодовите најчесто се остварува преку повреди нанесени од штетни инсекти, се препорачува и задолжителна контрола na Anarsia lineatella (прасков молец) и Grapholita molesta (прасков смотавец) во насадите од праска, нектарина и кајсија, Rhagoletis cerasi (црешова мува) во насадите со вишна и цреша и на Grapholita funebrana (сливов смотавец) во насадите со слива.

10.3. Постбербени мерки за контрола

  1. Да се прегледаат и отстранат сите заразени плодови за да се спречи зараза на здравите плодови и понатамошно ширење на патогенот.
    2. Да се отстранат и уништат сите заразени плодови пред внесување во магацин или ладилник.
    3. Да се изврши дезинфекција на магацините, контејнерите и другиот материјал за пакување доколку претходно бил користен.
    4. Да се закопаат заразените плодови далеку од овоштарниците, магацините или објектите за преработка или евентуално да се запалат.

Упатство за преземање на мерки за спречување на појава и ширење на штетниот организам Monilinia fructicola (Winter) Honey и мерки за негово сузбивање

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125
c99 shell hacklink istanbul evden eve nakliyat hacklink Google
hacklink nedir hacklin seo ve hacklinkin faydaları hacklink hacklink satış hacklink panel hacklink al hacklink seo evden eve nakliyat bmw yedek parça mercedes yedek parça seo nedir seo analiz googlede üst sıraya çıkmak gibi kesin sonuçlarla seo çalışmasında kaliteli hizmet veren hacklink adresi www.profseo.co dur.evden eve nakliyat böcek ilaçlama paykasa paykasa bozdurma aradığınız bütün kelimeler sadece burda. instagram takipçi hilesi bypass shell wso shell hacklink satış hacklink panel wso shell hacklink hacklink hacklink al hacklink seo nedir Google