Menu
May 2018
M T W T F S S
« Apr    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна

slika 4

Директорот на Државнот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски,  учествуваше на третиот Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна, кој се одржува во Охрид, во организација на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

На симпозиумот учествуваат претставници на академската заедница, на бизнис-секторот, на останати институции и реномирани научници од 26 земји . Овој симпозиум се одржува по повод 70-годишнината од Факултетот за земјоделски науки и храна.

На Симпозиумот ќе бидат презентирани 386 труда во сферата на научните и практичните достигнувања во областа на земјоделството и производството на храна, а самиот симпозиум ќе биде добра можност за поттикнување дискусии, соработка и натамошна научна и истражувачка дејност меѓу универзитетите, институтите, агробизнис-секторот и останатите релевантни институции. Во рамки на научниот собир во Охрид ќе се одржат уште и 39. Средба Факултет – Стопанство, 9-тиот Симпозиум за градинарство и цвеќарство, 6-тиот Симпозиум за лозарство и винарство, 11. Меѓународна конференција на Здружението на агроекономистите на Македонија, како и 39-та средба на Здружението за заштита на растенијата на Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125