Menu
June 2018
M T W T F S S
« May    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Е – Фитосанитарни барања/пријави

   Порталот за електронска комуникација ( Е – фитосанитарни барања/пријави ) со Државниот инспекторат за земјоделство  е наменет за сите правни и физички лица кои до сега остварувале писмена комуникација со Државниот инспекторат за земјоделство, или ќе имаат потреба во иднина. Е – фитосанитарни барања/пријави е дополнителена апликација која,  Државниот инспекторат за земјоделство  ја става на располагање на сите надворешни корисници со цел да  им овозможи да подигнуваат најразлични видови на барања/пријави за издавање на фитосанитарен сертификат за извоз/реекспорт/Пасош за растенија ( замена на пасош на растенија ) и фитосанитарен преглед на пратки растенија, растителни производи и други објекти и предмети, производи за заштита на на растенија и ѓубрива при увоз/транзит кои  се  издаваат од страна на Државниот инспекторат за земјоделство  во електронска форма од областа на Фитосанитарната испекција.

      Врз основа на член 12  став 2 од Законот за Државниот инспекторат за земјоделство ( „Службен весник на РМ” бр. 20/09, 53/11, 164/13,   43/14, 33/15, 88/15, 149/15, 39/16 и 172/16 ), членовите 29 и 32 од Законот за здравјето на растенијата ( „Службен весник на РМ“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15 и 39/16 ) ,  Законот за производи за заштита на растенијата ( „Службен весник на РМ“ бр. 110/07, 20/09, 17/11, 53/11, 69/13, 10/15, 129/15 и 39/16 ), Законот за квалитет и безбедност на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата  ( „Службен весник на РМ” бр.27/14, 154/15 и 39/16 )  и Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство ( „Службен весник на РМ” бр.162/15 и 227/15 )  Државниот инспекторат за земјоделство го донесе Упатството за дигитално аплицирање на правните субјекти за издавање на:

  • Пријава за добивање на Фитосанитарен сертификат за извоз на пратки,
  • Пријава за добивање на Фитосанитарен сертификат за реекспорт на пратки,
  • Пријава за фитосанитарен преглед на пратки растенија, растителни производи и други објекти и предмети, производи за заштита на растенијата и ѓубрива при увоз,
  • Пријава за фитосанитарен преглед на пратки растенија, растителни производи и други објекти и предмети, производи за заштита на растенијата и ѓубрива при транзит,
  • Барaње за издавање на Фитосанитарен сертификат за извоз/ Фитосанитарен сертификат за реекспорт/ Пасош за растенија (замена на пасош на растенијата).

од страна на  Државниот инспекторат за земјоделство.

Електронското печатење  на фитосанитарни барања/пријави се врши со избор на следниот линк www.diz.gov.mk  преку одбирање ( кликнување ) на полет означено  како Е – фитосанитарни барања/пријави

 

27292639_2219118444780438_1896590708_n

 

НАЧИН НА НАПЛАТА НА АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ НАДОМЕСТОЦИ

     Правен основ за начинот на наплата на административните такси се:

    Закон за административните такси (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.17/93, 20/96, 7/98, 13/01, 24/03, 19/04, 61/04, 95/05, 7/06, 70/06, 92/07, 88/08, 130/08, 6/10, 145/10, 117/11, 84/12, 192/15 и 23/16) со кој се предвидува плаќање на административна такса за поднесоци, решенија, управни дејствија во моментот на настанување на таксената обврска.

Во случај кога фитосанитарните барања/пријави за издавање дозвола, барателот ги печати во електронски облик преку апликацијата за Е - фитосанитарни барања/пријави, по добивање на единствениот повикување на број, односно единствениот повикување на број под кој се регистрира барањето во системот, налогот за јавни приходи образецот ПП 50 за уплата на административна такса се пополнува на следниот начин

Во рубриката:

ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ – ЗАДОЛЖУВАЊЕ:

ЗАДОЛЖИТЕЛНО  се потполнува единствениот  повикување на број  кој се регистрира  ( односно кој го генерира    системот  и  истиот  се  наоѓа во долниот лев агол веднаш под барањето )  при  печатење  на  барањето преку  апликацијата  за  Е –  фитосанитарни барања/пријави .

Во рубриката:

ЦЕЛ НА ДОЗНАКА:

ЗАДОЛЖИТЕЛНО се пополнува називот на барањето/пријавата за која се врши уплатата

Следниве податоци не се менуваат и се однесуваат на двата начина на пополнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50

–  НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ – БУЏЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

– БАНКА НА ПРИМАЧОТ – НАРОДНА БАНКА НА РМ

– СМЕТКА – единствена трезорска сметка 100000000063095

– УПЛАТНА СМЕТКА – 840 ХХХ 03161 (се внесува ознаката на општината согласно списокот објавен со Упатаството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи)

– ПРИХОДНА ШИФРА : 722313

– ДАТУМОТ НА ВАЛУТАТА И ДАТУМОТ НА УПЛАТАТА треба да бидат идентични – НАЧИН – пр. за да може уплатувачот веднаш да ја користи уплатата потребно е да биде пополнето со 1 т.е. уплатата веднаш ќе биде реализирана од банка, или 2 т.е. уплатата ќе биде реализирана со датумот на валутата.

НАПОМЕНА: Овој начин на наплата на административнат такса се применува за сите уплати на име административна такса, за барањата/пријавите опфатени со Фитосанитарната испекција, објавени на веб локацијата www.diz.gov.mk. Уплатите се вршат ЗАДОЛЖИТЕЛНО на наведената сметка без оглед на начинот на кој (електронски или хартиен) се поднесува барањето за дозвола до надлежниот орган и без оглед на начинот на кој се врши поднесувањето на налогот (пр. на шалтер или преку е- банкарство).

Упатство за начин на плаќање на други  давачки  дефинирани  како  други  надоместоци, согласно закон

    Врз основа на член 12  став 2 од Законот за Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на РМ” бр. 20/09, 53/11, 164/13,   43/14, 33/15, 88/15, 149/15, 39/16 и 172/16), членовите 29 и 32 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15 и 39/16) ,  Законот за производи за заштита на растенијата („Службен весник на РМ“ бр. 110/07, 20/09, 17/11, 53/11, 69/13, 10/15, 129/15 и 39/16), Законот за квалитет и безбедност на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата  („Службен весник на РМ” бр.27/14, 154/15 и 39/16)  и Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на РМ” бр.162/15 и 227/15)

Упатство за начин на потполнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50 за уплата на давачките дефинирани како други надоместоци, согласно закон на следниот начин:

Во рубриката:

– ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ – ЗАДОЛЖУВАЊЕ:

ЗАДОЛЖИТЕЛНО се потполнува единствениот повикување на број кој се регистрира ( односно кој го генерира системот и истиот се наоѓа во долниот лев агол веднаш под барањето ) при печатење на барањето преку  апликацијата  за  Е –  фитосанитарни барања/пријави .

Во рубриката:

– ЦЕЛ НА ДОЗНАКА:

ЗАДОЛЖИТЕЛНО се потполнува називот на барањето/пријавата за која се врши уплатата.

Следниве податоци не се менуваат и се однесуваат на двата начина на потполнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50

– НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ– БУЏЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

– БАНКА НА ПРИМАЧОТ– НАРОДНА БАНКА НА РМ

– СМЕТКА – единствена трезорска сметка 100000000063095

– УПЛАТНА СМЕТКА – 840 xxx 06233 (се внесува ознаката на општината согласно списокот објавен со Упатството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи) – се внесува само кога се врши наплата за барање/прија за фитосанитарен преглед

– ПРИХОДНА ШИФРА: 724128-00-2 – се внесува само кога се врши наплата за барање/прија за фитосанитарен преглед

–  ПРИХОДНА ШИФРА:  725930-19-2 – се внесува само кога се врши наплата за барање/пријава за издавање на фитосанитарен сертификат за извоз/реекспорт

– СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1400662065 – 631 – 13 – се внесува само кога се врши наплата за барање/пријава за издавање на фитосанитарен сертификат за извоз/реекспорт

– ДАТУМОТ НА ВАЛУТАТА И ДАТУМОТ НА УПЛАТАТА – треба да бидат идентични – НАЧИН – пр. за да може уплатувачот веднаш да ја користи уплатата потребно е да биде потполнето со 1 т.е. уплатата веднаш ќе биде реализирана од банка, или 2 т.е. уплатата ќе биде реализирана со датумот на валутата.

НАПОМЕНА: За секое барање за дозвола, барателот врши посебна уплата (на посебен налог). Економскиот оператор ќе биде должен да му достави на органот доказ за извршена уплата на административна такса како и други надоместоци (презентиран на хартија).

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125