EXIM
EXIM – Државен инспекторат за земјоделство
EXIM (Едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти) овозможува електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции.
Електронско поднесување на барањата за дозволи во надлежност на Државниот инспекторат за земјоделство се врши преку EXIM системот со избор на следниот линк www.exim.gov.mk. На истиот линк се објавуваат и потребните информации за условите и правила за регистрација на економските оператори во EXIM, каде можат да се најдат и прирачниците за негово користење.
Услови и правила за регистрација и за користење на EXIM (август 2013)
Закон за Државниот инспекторат за земјоделство (Службен весник на РМ, бр. 20 од 16.02.2009 година)
Одлука за распоредување на стоките на форма на увоз и извоз
Законот за виното („Сл.Весник на РМ“ бр. 50/2010, 53/2011, 6/2012, 23/2013, 106/2013 и 188/2013)
*Во случај на технички проблем или прекин во функционирањето на системот, обработката на податоците од барањата се врши со примена на документи во хартиена форма како алтернатива.
Упатство за примена на хартиени документи во случај на технички проблеми во EXIM
Упатство за уплата на дополнителните надоместоци при поднесување на барање за издавање на лиценца I005 и лиценца I009 и преглед на пратки за контрола на квалитетот на земјоделски производи
– Ова упатство се однесува само на давачките дефинирани како други давачки, односно лиценца I005 и лиценца I009 и преглед на пратки за контрола на квалитетот на земјоделски производи
1. Правен основ Законот за Државниот инспекторат за земјоделство („Сл.Весник на РМ“ бр.20/2009, 53/2011, 164/2013 и 43/2014), Закон за квалитетот на земјоделски производи („Сл.Весник на РМ“ бр.140/2010, 53/2011, 55/2012, 106/2013), Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија („Сл.Весник на РМ“ бр.39/2006, 89/2008, 171/2010, 53/2011, 69/13, 178/2013), Закон за квалитет и безбедност на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата („Сл.Весник на РМ“ бр.27/2014), Закон за тутун и тутунски производи („Сл.Весник на РМ“ бр. 24/06, 88/08, 31/10, 36/11, 53/11, 93/13, 99/13, 164/13 и 151/14) и Законот за виното („Сл.Весник на РМ“ бр. 50/2010, 53/2011, 6/2012, 23/2013, 106/2013 и 188/2013), Закон за сточарството („Службен весник на РМ“ бр.07/2008, 116/2010, 23/2013).
Уплатите за другите надоместоци се извршуваат после поднесено Барање, согласно Решението за определување на висината и начинот на плаќање на надоместокот за покривање на трошоците на републичкиот пазарен инспекторат за вршење на контролата на квалитетот на земјоделските и прехрамбените производи и нивните преработки во надворешно – трговскиот промет („Службен весник на РМ“ бр.55/98).
2. Начин на пополнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50 при плаќање на другите надоместоци
– По подигнувањето на Барање за плаќање надоместок донесено од Државниот инспекторат за земјоделство, налогот за јавни приходи образецот ПП 50 за уплата на надоместоците се потполнува на следниот начин: ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ-ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Се потполнува единствениот референтен број под кој е регистрирано барањето во ЕХIМ системот * Доколку барањето се поднесува во хартиен облик (што значи дека пратката не добила единствен референтен број) во ова поле се запишува името на лиценцата ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: Се наведува Шифрата на лиценцата и институцијата која е одговорна за нејзино издавање, и со зборови да се наведе кој вид на стока НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НАРОДНА БАНКА НА РМ СМЕТКА: единствена трезорска сметка 100000000063095 ИЗНОС: Се пополнува вкупниот износ во зависност од видот, масата како износ за земени примероци (мостри)на соодветна жиро сметка.* СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК – ЕДИНКА КОРИСНИК: 1400662065 63 113 ПРИХОДНА ШИФРА: 725930 19 НАЧИН: 1 (за да може уплатувачот веднаш да ја користи уплатата т.е уплатата ќе биде веднаш реализирана од банката) или 2. ДАТУМОТ НА ВАЛУТАТА И ДАТУМОТ НА УПЛАТАТА: треба да бидат идентични
Уплатата нема да се процесира ако странката не достави доказ за извршената уплата оргинал од налогот за јавни приходи Образецот ПП 50
Постапката за издавање на сертификати за барањата поднесени во хартиена трае _____ дена во зависност од комплетноста на поднесената документација.
• Документи потребни за одобрување за лиценца I005
• Документи потребни за одобрување за лиценца I009
• Барање за лиценца I009
• Упатство за користење на EXIM систем за лиценца I005 за оператори
• Упатство за користење на EXIM систем за лиценца I009 за оператори
Согласно Законот за Државниот инспекторат за земјоделство („Сл.Весник на РМ“ бр.20/2009, 53/2011, 164/2013 и 43/2014), е предвидено плаќање на надоместоци за увоз/извоз на одредени стоки. Надлежен орган за издавање на овие сертификати е Државниот инспекторат за земјоделство.
Надоместоци кон барањето за добивање на уверение за квалитет сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки Податоци за потполнување на уплатницата:
- Квартален извештај за период октомври – декември 2012
- Квартален извештај за период јануари – март 2013
- Квартален извештај за период април – јуни 2013
- Квартален извештај за период јули – септември 2013
- Квартален извештај за период октомври – декември 2013
- Квартален извештај за период јануари – март 2014
- Квартален извештај за период април – јуни 2014
- Квартален извештај за период јули – септември 2014
- Квартален извештај за период октомври – декември 2014
- Квартален извештај за период јануари – март 2015
- Квартален извештај за период април – јуни 2015
Административна поддршка
Мери Гулевска
Е-mail:: meri.gulevska@diz.gov.mk
тел.: +389 (0)701/411-853
Фиксен: +389 (0)2 3121 462
Кадрија Дестанова
Е-mail: kadrija.destanova@diz.gov.mk
Фиксен: +389 (0)2 3121 462
Главен контакт за поддршка на ЕХИМ во Царинска управа
Е-mail: exim@customs.gov.mk
Фиксен: +389 (0)2 3293-916
Главен контакт за поддршка на ЕХИМ во Државниот инспекторат за земјоделство
Е-mail: exim.diz@diz.gov.mk
тел.: +389 (0)70/403-995
Фиксен: +389 (0)2 3121 462
Пристап и регистрација во ЕХИМ системот на следниот линк: www.exim.gov.mk