Menu
November 2018
M T W T F S S
« Sep    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Е-Барање за уверение за квалитет

 Порталот за електронска комуникација ( Е – Барање за издавање на уверение за квалитет ) со Државниот инспекторат за земјоделство  е наменет за сите правни и физички лица кои до сега остварувале писмена комуникација со Државниот инспекторат за земјоделство, или ќе имаат потреба во иднина. Е – Барање за издавање на уверение за квалитет е дополнителена апликација која,  Државниот инспекторат за земјоделство  ја става на располагање на сите надворешни корисници со цел да  им овозможи да подигнуваат најразлични видови на барања за издавање на уверение за квалитет – сертификат / придружен документ за производот што се увезува, извезува или пушта во внатрешен промет,  кои  се  издаваат од страна на Државниот инспекторат за земјоделство во електронска форма .

     Врз основа на член 12  став 2 од Законот за Државниот инспекторат за земјоделство ( „Службен весник на РМ” бр. 20/09, 53/11, 164/13,   43/14, 33/15, 88/15, 149/15, 39/16 и 172/16 ), Закон за виното ( Сл. Весник на Република Македонија бр. 50/10, 53/11, 06/12, 23/2013, 106/13,188/13,149/15,  39/16 и 172/16),Правилник за формата, содржината и начинот на издавање на уверението за квалитет – сертификат и образецот на барањето (Службен весник бр. 162/15) и Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на РМ” бр.162/15 и 227/15 )  Државниот инспекторат за земјоделство го донесе Упатството за дигитално аплицирање на правните субјекти за издавање на:

  • Барања за издавање на уверение за квалитет – сертификат / придружен документ за производот што се увезува, извезува или пушта во внатрешен промет

од страна на  Државниот инспекторат за земјоделство.

Електронското поднесување  на барање за издавање на уверение за квалитет – сертификат / придружен документ за производот што се увезува, извезува или пушта во внатрешен промет се врши со избор на следниот линк www.diz.gov.mk  преку одбирање ( кликнување ) на полет означено  како Е – Барање за издавање на уверение за квалитет.

kopce

 

НАЧИН НА НАПЛАТА НА АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ НАДОМЕСТОЦИ

     Правен основ за начинот на наплата на административните такси се:

    Закон за административните такси (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.17/93, 20/96, 7/98, 13/01, 24/03, 19/04, 61/04, 95/05, 7/06, 70/06, 92/07, 88/08, 130/08, 6/10, 145/10, 117/11, 84/12, 192/15 и 23/16) со кој се предвидува плаќање на административна такса за поднесоци, решенија, управни дејствија во моментот на настанување на таксената обврска.

Во случај кога барањето за издавање на придружен документ за извоз на вино, производи од винско грозје и производи од вино, барателот ги поднесува во електронски облик преку апликацијата за Е - Барање за издавање на уверение за квалитет, по добивање на единствениот повикување на број, односно единствениот повикување на број под кој се регистрира барањето во системот, налогот за јавни приходи образецот ПП 50 за уплата на административна такса се пополнува на следниот начин

Во рубриката:

– ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ – ЗАДОЛЖУВАЊЕ:

ЗАДОЛЖИТЕЛНО  се потполнува единствениот  повикување на број  кој се регистрира  ( односно кој го генерира    системот  и  истиот  се  наоѓа во долниот лев агол веднаш под барањето )  при  печатење  на  барањето преку  апликацијата  за  Е – Барање за издавање на уверение за квалитет.

Во рубриката:

– ЦЕЛ НА ДОЗНАКА:

ЗАДОЛЖИТЕЛНО се пополнува називот на барањето/пријавата за која се врши уплатата

Следниве податоци не се менуваат и се однесуваат на двата начина на пополнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50

–  НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ – БУЏЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

– БАНКА НА ПРИМАЧОТ – НАРОДНА БАНКА НА РМ

– СМЕТКА – единствена трезорска сметка 100000000063095

– УПЛАТНА СМЕТКА – 840 ХХХ 03161 (се внесува ознаката на општината согласно списокот објавен со Упатаството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи)

– ПРИХОДНА ШИФРА : 722313

– ДАТУМОТ НА ВАЛУТАТА И ДАТУМОТ НА УПЛАТАТА треба да бидат идентични – НАЧИН – пр. за да може уплатувачот веднаш да ја користи уплатата потребно е да биде пополнето со 1 т.е. уплатата веднаш ќе биде реализирана од банка, или 2 т.е. уплатата ќе биде реализирана со датумот на валутата.

НАПОМЕНА: Овој начин на наплата на административнат такса се применува за сите уплати на име административна такса, за барањата објавени на веб локацијата www.diz.gov.mk. Уплатите се вршат ЗАДОЛЖИТЕЛНО на наведената сметка без оглед на начинот на кој (електронски или хартиен) се поднесува барањето за дозвола до надлежниот орган и без оглед на начинот на кој се врши поднесувањето на налогот (пр. на шалтер или преку е- банкарство).

Упатство за начин на плаќање на други  давачки  дефинирани  како  други  надоместоци, согласно закон

    Врз основа на член 12  став 2 од Законот за Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на РМ” бр. 20/09, 53/11, 164/13,   43/14, 33/15, 88/15, 149/15, 39/16 и 172/16), членовите 29 и 32 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15 и 39/16) ,  и Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на РМ” бр.162/15 и 227/15)

Упатство за начин на потполнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50 за уплата на давачките дефинирани како други надоместоци, согласно закон на следниот начин:

Во рубриката:

– ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ – ЗАДОЛЖУВАЊЕ:

ЗАДОЛЖИТЕЛНО се потполнува единствениот повикување на број кој се регистрира    ( односно кој го генерира системот и истиот се наоѓа во долниот лев агол веднаш под барањето ) при печатење на барањето преку  апликацијата  за Е – Барање за издавање на уверение за квалитет.

Во рубриката:

– ЦЕЛ НА ДОЗНАКА:

ЗАДОЛЖИТЕЛНО се потполнува називот на барањето/пријавата за која се врши уплатата.

Следниве податоци не се менуваат и се однесуваат на двата начина на потполнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50

– НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ– БУЏЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

– БАНКА НА ПРИМАЧОТ– НАРОДНА БАНКА НА РМ

– СМЕТКА – единствена трезорска сметка 100000000063095

– УПЛАТНА СМЕТКА – 840 xxx 06233 (се внесува ознаката на општината согласно списокот објавен со Упатството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи)

–  ПРИХОДНА ШИФРА:  725930-19

– СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1400662065 – 631 – 13 

– ДАТУМОТ НА ВАЛУТАТА И ДАТУМОТ НА УПЛАТАТА – треба да бидат идентични – НАЧИН – пр. за да може уплатувачот веднаш да ја користи уплатата потребно е да биде потполнето со 1 т.е. уплатата веднаш ќе биде реализирана од банка, или 2 т.е. уплатата ќе биде реализирана со датумот на валутата.

НАПОМЕНА: За секое барање за дозвола, барателот врши посебна уплата (на посебен налог). Економскиот оператор ќе биде должен да му достави на органот доказ за извршена уплата на административна такса како и други надоместоци (презентиран на хартија). 

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125