Menu
February 2018
M T W T F S S
« Jan    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Надлежности на Државниот инспекторат за земјоделство

Државниот инспекторат за земјоделство до декември 2013 година беше орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со надлежност врз донесувањето на Законот за Државен инспекторат за земјоделство и подзаконските акти кои произлегуваат од него.  Од декември 2013 година со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на законот за државниот инспекторат за земјоделство (Службен Весник на Република Македонија број 164/2013 година), Државниот инспекторат за земјоделство е со својство на правно лице, има сопствена буџетска сметка  како буџетски корисник од прва линија, самостојно спроведува постапки за вработување согласно со Закон и одлучува за правата и обврските од работен однос. Со Инспекторатот раководи и управува Директор кој го именува и разрешува Владата на Република Македонија.

Инспекторатот во својата надлежност е овластен да врши инспекциски надзор преку контроли и прегледи на:

  • земјоделското земјиште, земјоделски посеви и насади;
  • производство и промет на производи за заштитата на растенија;
  • производство и промет на семенски и саден материјал;
  • производство и промет на ѓубриња;
  • производство и промет на квалитет на добиточна храна;
  • евиденција на приплоден и друг добиток, преглед на земјоделскиот имот, на објекти и опрема при држење на добитокот, врши преглед на исхраната, утврдува земјоделска инфраструктура, врши надзор на држењето на пчели и пчеларски ред за испаша, водење на матични книги и обележувања, го утврдува исполнувањето на критериумите за производство, потекло на добитокот и надзор на прометот на добитокот и приплодниот материјал, како и надзор над работата на одобрените институции и одгледувалишта на пчелни матици;
  • производство, промет и улов на риби;
  • генетски модифицирани организми;
  • радионуклиди во добиточна храна, растенија и семенски материјал;
  • производство и промет на афион;
  • производство и промет на органски производи;
  • производство и промет на вино;
  • производство и промет на тутун;
  • производство и промет на цвеќе и декоративни растенија;
  • пасишта;
  • правни и физички лица за добивање на финансиска поддршка во земјоделството;
  • настанати полски штети;
  • опремата и простории каде што се врши преработка и доработка на земјоделски производи;
  • земјоделска механизација, техника и транспортни средства;
  • процесите на преработка и доработка во сите фази, се до финалниот производ;
  • зоните чувствителни на нитрати и наводнување и одводнување;
  • спроведување на препораките за добра земјоделска пракса;
  • просториите за чување и одржување на земјоделските производи и деловни простории, книги, исправи, материјали во електронска форма, документација која се води и чува во електронски медии, а на барање да се изработат во писмена форма која мора веродостојно да ја потврдува електронската форма, службени регистри и други јавни бази на податоци и друга документација преку која се остварува увид во извршувањето на законите и поблиските прописи.

Инспекторатот врши и фитосанитарна контрола на пратки од растенија, растителни производи и други објекти и предмети и производи за заштита на растенијата како и утврдување за исполнување на условите за издавање на фитосанитарен сертификат, фитосанитарен сертификат за реекспорт и пасош за растенијата.

Инспекторатот постапува по барања од правни и физички лица за проверувањеи утврдување на исполнување на условите за прозводство и откуп на земјоделски производи и тутун, како и за утврдување на исполнување на условите за регистрација на откупни пунктови, винарски визби, рибници, пломбирање на мрежи.

За извршените контроли на квалитет, Инспекторатот издава уверение за квалитет – сертификат.

Правните и физички лица се должни да поднесат барање до Инспекторатот и во истото да дадат точни податоци со комплетна документација за потребната контрола.

Контролите на квалитет на пратки од увоз се вршат на место на истовар, а за пратки за внатрешен промет и за извоз се вршат на местото на утовар. Местото на истовар, односно утовар, мора да биде наведено во транспортниот документ.

Правните и физичките лица не смеат да пуштат во промет пратки од увоз без уверение за квалитет – сертификат, додека за пратките за извоз и внатрешен промет уверение за квалитет –  сертификат се издава  на нивно барање.

Царинската управа нема да дозволи, спроведе увозна постапка доколку претходно не е поднесено барање за издавање на уверение за квалитет – сертификат од правно или физичко лице – трговец поединец.

Инспекторот е должен во рок од три работни дена од денот на добиените резултати да издаде уверение за квалитет – „сертификат“.

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125