Menu
October 2018
M T W T F S S
« Sep    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Е-Барање за утврдување на услови

  Порталот за електронска комуникација ( Е – Барање за  утврдување на услови ) со Државниот инспекторат за земјоделство  е наменет за сите правни и физички лица кои до сега остварувале писмена комуникација со Државниот инспекторат за земјоделство, или ќе имаат потреба во иднина.  Е – Барање за  утврдување на услови е дополнителена апликација која,  Државниот инспекторат за земјоделство  ја става на располагање на сите надворешни корисници со цел да  им овозможи да подигнуваат најразлични видови на барања за издавање на придружен документ за потврдување и утврдување на услови  кои  се  издаваат од страна на Државниот инспекторат за земјоделство  во електронска форма од областа на Земјоделската испекција.

     Врз основа на член 12  став 2 од Законот за Државниот инспекторат за земјоделство ( „Службен весник на РМ” бр. 20/09, 53/11, 164/13,   43/14, 33/15, 88/15, 149/15, 39/16 и 172/16 ),  Државниот инспекторат за земјоделство го донесе Упатството за дигитално аплицирање на правните субјекти за издавање на:

  • Барање за издавање на придружен документ за потврдување и утврдување на услови

од страна на  Државниот инспекторат за земјоделство.

Електронското поднесување  на барање за издавање на придружен документ за извоз на вино, производи од винско грозје и производи од вино се врши со избор на следниот линк www.diz.gov.mk  преку одбирање ( кликнување ) на полет означено  како Е – Барање за утврдување на услови

kopce

НАЧИН НА НАПЛАТА НА АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ НАДОМЕСТОЦИ

     Правен основ за начинот на наплата на административните такси се:

    Закон за административните такси (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.17/93, 20/96, 7/98, 13/01, 24/03, 19/04, 61/04, 95/05, 7/06, 70/06, 92/07, 88/08, 130/08, 6/10, 145/10, 117/11, 84/12, 192/15 и 23/16) со кој се предвидува плаќање на административна такса за поднесоци, решенија, управни дејствија во моментот на настанување на таксената обврска.

Во случај кога барањето за издавање на придружен документ за потврдување и утврдување на услови, производи од винско грозје и производи од вино, барателот ги поднесува во електронски облик преку апликацијата за Е - Барање за утврдување на услови, по добивање на единствениот повикување на број, односно единствениот повикување на број под кој се регистрира барањето во системот, налогот за јавни приходи образецот ПП 50 за уплата на административна такса се пополнува на следниот начин

Во рубриката:

– ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ – ЗАДОЛЖУВАЊЕ:

ЗАДОЛЖИТЕЛНО  се потполнува единствениот  повикување на број  кој се регистрира  ( односно кој го генерира    системот  и  истиот  се  наоѓа во долниот лев агол веднаш под барањето )  при  печатење  на  барањето преку  апликацијата  за  Е – Барање за  утврдување на услови .

Во рубриката:

– ЦЕЛ НА ДОЗНАКА:

ЗАДОЛЖИТЕЛНО се пополнува називот на барањето/пријавата за која се врши уплатата

Следниве податоци не се менуваат и се однесуваат на двата начина на пополнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50

–  НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ – БУЏЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

– БАНКА НА ПРИМАЧОТ – НАРОДНА БАНКА НА РМ

– СМЕТКА – единствена трезорска сметка 100000000063095

– УПЛАТНА СМЕТКА – 840 ХХХ 03161 (се внесува ознаката на општината согласно списокот објавен со Упатаството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи)

– ПРИХОДНА ШИФРА : 722313

– ДАТУМОТ НА ВАЛУТАТА И ДАТУМОТ НА УПЛАТАТА треба да бидат идентични – НАЧИН – пр. за да може уплатувачот веднаш да ја користи уплатата потребно е да биде пополнето со 1 т.е. уплатата веднаш ќе биде реализирана од банка, или 2 т.е. уплатата ќе биде реализирана со датумот на валутата.

НАПОМЕНА: Овој начин на наплата на административнат такса се применува за сите уплати на име административна такса, за барањата/пријавите објавени на веб локацијата www.diz.gov.mk. Уплатите се вршат ЗАДОЛЖИТЕЛНО на наведената сметка без оглед на начинот на кој (електронски или хартиен) се поднесува барањето за дозвола до надлежниот орган и без оглед на начинот на кој се врши поднесувањето на налогот (пр. на шалтер или преку е- банкарство).

Упатство за начин на плаќање на други  давачки  дефинирани  како  други  надоместоци, согласно закон

    Врз основа на член 12  став 2 од Законот за Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на РМ” бр. 20/09, 53/11, 164/13,   43/14, 33/15, 88/15, 149/15, 39/16 и 172/16), членовите 29 и 32 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15 и 39/16) ,  и Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на РМ” бр.162/15 и 227/15)

Упатство за начин на потполнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50 за уплата на давачките дефинирани како други надоместоци, согласно закон на следниот начин:

Во рубриката:

– ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ – ЗАДОЛЖУВАЊЕ:

ЗАДОЛЖИТЕЛНО се потполнува единствениот повикување на број кој се регистрира ( односно кој го генерира системот и истиот се наоѓа во долниот лев агол веднаш под барањето ) при печатење на барањето преку  апликацијата  за  Е – Барање за  утврдување на услови .

Во рубриката:

– ЦЕЛ НА ДОЗНАКА:

ЗАДОЛЖИТЕЛНО се потполнува називот на барањето/пријавата за која се врши уплатата.

Следниве податоци не се менуваат и се однесуваат на двата начина на потполнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50

– НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ– БУЏЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

– БАНКА НА ПРИМАЧОТ– НАРОДНА БАНКА НА РМ

– СМЕТКА – единствена трезорска сметка 100000000063095

– УПЛАТНА СМЕТКА – 840 xxx 06233 (се внесува ознаката на општината согласно списокот објавен со Упатството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи)

–  ПРИХОДНА ШИФРА:  725930-19

– СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1400662065 – 631 – 13 

– ДАТУМОТ НА ВАЛУТАТА И ДАТУМОТ НА УПЛАТАТА – треба да бидат идентични – НАЧИН – пр. за да може уплатувачот веднаш да ја користи уплатата потребно е да биде потполнето со 1 т.е. уплатата веднаш ќе биде реализирана од банка, или 2 т.е. уплатата ќе биде реализирана со датумот на валутата.

НАПОМЕНА: За секое барање за дозвола, барателот врши посебна уплата (на посебен налог). Економскиот оператор ќе биде должен да му достави на органот доказ за извршена уплата на административна такса како и други надоместоци (презентиран на хартија). 

 

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125