Menu
April 2018
M T W T F S S
« Mar    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Информации од јавен карактер

      Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Сл. весник на РМ” бр.13/06, 86/2008 и 6/2010), Државниот инспекторат за земјоделство  ја изготви следната

     ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

     Листата на информации од јавен карактер на Државниот инспекторат за земјоделство ја сочинуваат следните групи на информации:

  • Организација на Државниот инспекторат за земјоделство (органограм);
  • Пречистени текстови на Закони и подзаконски акти што го регулираат инспекцискиот надзор од областа на земјоделството, руралниот развој, рибарството и аквакултурата, (интерни пречистени текстови);
  • Билатерални и мултилатерални договори и документи;
  • Стратешки документи, анализи и програми на Инспекторатот;
  • Одлуки што ги донесува Инспекторатот во рамките на законските надлежности  (со анонимизирани податоци);
  • Годишни, полугодишни и други извештаи на Инспекторатот;
  • Препораки, дадени мислења и укажувања, упатства и други интерни акти на Инспекторатот;
  • Информации за јавни набавки;
  • Документи и информации за проекти на Инспекторатот;
  • Барања/обрасци;
  • Статистички податоци.

     Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвила или со која располага Државниот инспекторат за земјоделство со пополнување на

      Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Државниот инспекторат за земјоделство – ул.Гоце Делчев, Зграда на МТВ 13 кат, 1000 Скопје.Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон (02) 3121 – 462 .

      Државниот инспекторат за земјоделство, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, за службено лице за посредување со информации ја определи

              Славица Конуков – Одделение за информатички технологии

             Контакт телефон/факс:  (02) 3121 – 462

             Електронска пошта: slavica.konukov@diz.gov.mk

  Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125