Menu
August 2018
M T W T F S S
« Jul    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

За нас

     Државниот инспекторат за земјоделство до декември 2013 година беше орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со надлежност врз донесувањето на Законот за Државен инспекторат за земјоделство и подзаконските акти кои произлегуваат од него.  Од декември 2013 година со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на законот за државниот инспекторат за земјоделство (Службен Весник на Република Македонија број 164/2013 година), Државниот инспекторат за земјоделство е со својство на правно лице, има сопствена буџетска сметка  како буџетски корисник од прва линија, самостојно спроведува постапки за вработување согласно со Закон и одлучува за правата и обврските од работен однос.

    Со работата  на  Инспекторатот  раководи директор кој го именува и разрешува Владата на Република Македонија, на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. За својата работа директорот е одговорен пред Владата на Република Македонија и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Директорот презема мерки и се грижи за стручно оспособување и усовршување со организирање на стручни и соодветни обуки во земјата и во странство, заради единствена примена на законите и поблиските прописи, како и подобрување на работните услови на инспекторите и носи годишна програма за работа на Инспекторатот.

     Согласно „Законот за изменување и дополнување на законот за државниот инспекторат за земјоделство“ (Службен Весник на Република Македонија број 164/2013 година и „Законот за изменување и дополнување на законот за инспекциски надзор“ (Службен Весник на Република Македонија број 147/2013 година), Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство изготвува годишна програма за работа на инспекциската служба и истата ја доставува до Инспекцискиот совет. Годишна програма за работа на Државниот инспекторат за земјоделство е метод за реализирање на планови и стратегии за да се достигне посакуваниот ефект во работењето односно поголем квантитет и квалитет при вршење на инспекциските надзори во Инспекторатот.

     Согласно Законот за Државниот инспекторат за земјоделство (Службен весник на РМ, бр. 20 од 16.02.2009 година ), работите на инспекциски надзор од областа на земјоделството, руралниот развој, рибарството и аквакултурата, ги врши Државниот инспекторат за земјоделство како орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство .

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125