
Д-р Зоран Шапуриќ
Професор Д-р Зоран Шапуриќ е дипломиран правник и доктор на науки. Дипломирал на Правниот факултет, магистрирал и докторирал на Универзитетот ,, Кирил и Методиј,, Скопје, стекнувајќи звање доктор по политичко–правни науки. Има положено правосуден и нотарски испит, и има наставно научно звање редовен професор на Универзитет Американ колеџ во Скопје.
Објавил 40 научно истражувачки меѓународни трудови, индексирани во респектабилни меѓународни научни бази, од областа на животна средина и одржлив развој, Европската унија и локалната самоуправа, од кои седум во ”Web of science”, 12 во “Thomson Reuters” и во други меѓународни научни бази.Објавил и повеќе книги и учебнци.
Во досегашната кариера Шапуриќ бил министер за животна средина и просторно планирање и министер без ресор задолжен за инвестицона клима на домашни претпријатија, пратеник во Собранието на Република Македонија, претседател на собраниска комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и член на други собраниски комисии, член на собраниска делегација во Собранието на Западно европска унија и НАТО.
Работел и во Уставниот суд на Македонија како виш стручен соработник, бил помошник генерален директор во МЗТ комерц и заменик на генералниот директор во ЈП „Паркови и зеленило Скопје“.
Одлично го познава англискиот јазик, а активно познава и повеќе јазици на земјите од регионот. Пасивно владее и германски јазик.