EXIM (Едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти) овозможува електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции.

Електронско поднесување на барањата за дозволи во надлежност на Државниот инспекторат за земјоделство се врши преку EXIM системот со избор на следниот линк www.exim.gov.mk. На истиот линк се објавуваат и потребните информации за условите и правила за регистрација на економските оператори во EXIM, каде можат да се најдат и прирачниците за негово користење.

Регулатива за примена на EXIM

Со цел унапредување на функционалностите на ЕХИМ системот, согласно предвидената Активност од Акциониот план за реализација на препораките од Анализата на ЕХИМ и процесот на плаќање, Ве известуваме дека со одбирање на дадениот/овој документ овозможен ви е преглед на сите законски и подзаконски акти кои се поврзани со процесот на издавање на лиценците во надлежност на Државниот инспекторат за земјоделство, при постапките за увоз на пратки, а кои се издаваат на централно ниво во канцелариите на Државниот инспекторат за земјоделство, согласно погоре дадените упатства.   

Регулатива за примена на EXIM

*Во случај на технички проблем или прекин во функционирањето на системот, обработката на податоците од барањата се врши со примена на документи во хартиена форма како алтернатива.

Упатство за уплата на дополнителните надоместоци при поднесување на барање за издавање на лиценца I005 и лиценца I009 и преглед на пратки за контрола на квалитетот на земјоделски производи

– Ова упатство се однесува само на давачките дефинирани како други давачки, односно лиценца I005 и лиценца I009 и преглед на пратки за контрола на квалитетот на земјоделски производи

1. Правен основ Законот за Државниот инспекторат за земјоделство („Сл.Весник на РМ“ бр.20/2009, 53/2011, 164/2013 и 43/2014), Закон за квалитетот на земјоделски производи („Сл.Весник на РМ“ бр.140/2010, 53/2011, 55/2012, 106/2013), Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија („Сл.Весник на РМ“ бр.39/2006, 89/2008, 171/2010, 53/2011, 69/13, 178/2013), Закон за квалитет и безбедност на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата („Сл.Весник на РМ“ бр.27/2014), Закон за тутун и тутунски производи („Сл.Весник на РМ“ бр. 24/06, 88/08, 31/10, 36/11, 53/11, 93/13, 99/13, 164/13 и 151/14) и Законот за виното („Сл.Весник на РМ“ бр. 50/2010, 53/2011, 6/2012, 23/2013, 106/2013 и 188/2013), Закон за сточарството („Службен весник на РМ“ бр.07/2008, 116/2010, 23/2013).

Уплатите за другите надоместоци се извршуваат после поднесено Барање, согласно Решението за определување на висината и начинот на плаќање на надоместокот за покривање на трошоците на републичкиот пазарен инспекторат за вршење на контролата на квалитетот на земјоделските и прехрамбените производи и нивните преработки во надворешно – трговскиот промет („Службен весник на РМ“ бр.55/98).

2. Начин на пополнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50 при плаќање на другите надоместоци

– По подигнувањето на Барање за плаќање надоместок донесено од Државниот инспекторат за земјоделство, налогот за јавни приходи образецот ПП 50 за уплата на надоместоците се потполнува на следниот начин: ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ-ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Се потполнува единствениот референтен број под кој е регистрирано барањето во ЕХIМ системот * Доколку барањето се поднесува во хартиен облик (што значи дека пратката не добила единствен референтен број) во ова поле се запишува името на лиценцата ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: Се наведува Шифрата на лиценцата и институцијата која е одговорна за нејзино издавање, и со зборови да се наведе кој вид на стока НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО   БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НАРОДНА БАНКА НА РМ СМЕТКА: единствена трезорска сметка 100000000063095 ИЗНОС: Се пополнува вкупниот износ во зависност од видот, масата како износ за земени примероци (мостри)на соодветна жиро сметка.* СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК – ЕДИНКА КОРИСНИК: 1400662065 63 113 ПРИХОДНА ШИФРА: 725930 19 НАЧИН: 1 (за да може уплатувачот веднаш да ја користи уплатата т.е уплатата ќе биде веднаш реализирана од банката) или 2. ДАТУМОТ НА ВАЛУТАТА И ДАТУМОТ НА УПЛАТАТА: треба да бидат идентични

Уплатата нема да се процесира ако странката не достави доказ за извршената уплата оргинал од налогот за јавни приходи Образецот ПП 50

Обрасци за подесување на барање за дозвола во хартиена форма

Постапката за издавање на сертификати за барањата поднесени во хартиена трае _____ дена во зависност од комплетноста на поднесената документација.

Согласно Законот за Државниот инспекторат за земјоделство („Сл.Весник на РМ“ бр.20/2009, 53/2011, 164/2013 и 43/2014), е предвидено плаќање на надоместоци за увоз/извоз на одредени стоки. Надлежен орган за издавање на овие сертификати е Државниот инспекторат за земјоделство.

Надоместоци кон барањето за добивање на уверение за квалитет сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки Податоци за потполнување на уплатницата:

Корисничка поддршка

 Контакт за поддршка на ЕХИМ во Царинска управа

 Контакт за поддршка на ЕХИМ во Државниот инспекторат за земјоделство