Со  изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 121/24., Законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.272/24), и  Законот за изменување и дополнување на Законот за државниот инспекторат  за земјоделство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.3/25),,  Државниот инспекторат за земјоделство од 01.01.2025 година е  орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со работата на Инспекторатот раководи директор кој го именува и разрешува Владата на Република Северна Македонија, на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. За својата работа директорот е одговорен пред Владата на Република Северна Македонија и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Директорот презема мерки и се грижи за стручно оспособување и усовршување со организирање на стручни и соодветни обуки во земјата и во странство, заради единствена примена на законите и поблиските прописи, како и подобрување на работните услови на инспекторите и носи Годишна програма за работа на Инспекторатот.

Согласно „Законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство“ (Службен Весник на Република Македонија број 164/2013 година и „Законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор“ (Службен Весник на Република Македонија број 147/2013 година), Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство изготвува Годишна програма за работа на инспекциската служба и истата ја доставува до Инспекцискиот совет. Годишна програма за работа на Државниот инспекторат за земјоделство е метод за реализирање на планови и стратегии за да се достигне посакуваниот ефект во работењето односно поголем квантитет и квалитет при вршење на инспекциските надзори .

Согласно Законот за Државниот инспекторат за земјоделство (Службен весник на РМ, бр. 20 од 16.02.2009 година ), работите на инспекциски надзор од областа на земјоделството, руралниот развој, рибарството и аквакултурата, ги врши Државниот инспекторат за земјоделство како орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство .

Мисија

Нашата мисија е да врши организирани, ефикасни, ефективни, квалитетни, функционални инспекциски надзори од областа на земјоделството, руралниот развој, рибарството и аквакултурата на територијата на Република Македонија, стручно оспособување и усовршување на своите вработени, зајакнување на владеењето на правото и организираниот криминал

Визија