Порталот за електронска комуникација ( Е – фитосанитарни барања/пријави ) со Државниот инспекторат за земјоделство  е наменет за сите правни и физички лица кои до сега остварувале писмена комуникација со Државниот инспекторат за земјоделство, или ќе имаат потреба во иднина. Е – фитосанитарни барања/пријави е дополнителена апликација која,  Државниот инспекторат за земјоделство  ја става на располагање на сите надворешни корисници со цел да  им овозможи да подигнуваат најразлични видови на барања/пријави за издавање на фитосанитарен сертификат за извоз/реекспорт/Пасош за растенија ( замена на пасош на растенија ) и фитосанитарен преглед на пратки растенија, растителни производи и други објекти и предмети, производи за заштита на на растенија и ѓубрива при увоз/транзит кои  се  издаваат од страна на Државниот инспекторат за земјоделство  во електронска форма од областа на Фитосанитарната испекција.

Врз основа на член 12  став 2 од Законот за Државниот инспекторат за земјоделство ( „Службен весник на РМ” бр. 20/09, 53/11, 164/13,   43/14, 33/15, 88/15, 149/15, 39/16 и 172/16 ), членовите 29 и 32 од Законот за здравјето на растенијата ( „Службен весник на РМ“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15 и 39/16 ) ,  Законот за производи за заштита на растенијата ( „Службен весник на РМ“ бр. 110/07, 20/09, 17/11, 53/11, 69/13, 10/15, 129/15 и 39/16 ), Законот за квалитет и безбедност на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата  ( „Службен весник на РМ” бр.27/14, 154/15 и 39/16 )  и Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство ( „Службен весник на РМ” бр.162/15 и 227/15 )  Државниот инспекторат за земјоделство го донесе Упатството за дигитално аплицирање на правните субјекти за издавање на:

  • Пријава за добивање на Фитосанитарен сертификат за извоз на пратки,
  • Пријава за добивање на Фитосанитарен сертификат за реекспорт на пратки,
  • Пријава за фитосанитарен преглед на пратки растенија, растителни производи и други објекти и предмети, производи за заштита на растенијата и ѓубрива при увоз,
  • Пријава за фитосанитарен преглед на пратки растенија, растителни производи и други објекти и предмети, производи за заштита на растенијата и ѓубрива при транзит,
  • Барaње за издавање на Фитосанитарен сертификат за извоз/ Фитосанитарен сертификат за реекспорт/ Пасош за растенија (замена на пасош на растенијата).

од страна на  Државниот инспекторат за земјоделство.

Електронското печатење  на фитосанитарни барања/пријави се врши со избор на следниот линк www.diz.gov.mk  преку одбирање (кликнување) на полетo означено  како Е – фитосанитарни барања/пријави

НАЧИН НА НАПЛАТА НА АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ НАДОМЕСТОЦИ

Правен основ за начинот на наплата на административните такси се:

Закон за административните такси (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.17/93, 20/96, 7/98, 13/01, 24/03, 19/04, 61/04, 95/05, 7/06, 70/06, 92/07, 88/08, 130/08, 6/10, 145/10, 117/11, 84/12, 192/15 и 23/16) со кој се предвидува плаќање на административна такса за поднесоци, решенија, управни дејствија во моментот на настанување на таксената обврска.

Упатство за начин на плаќање на други давачки дефинирани како други надоместоци, согласно закон

 Врз основа на член 12  став 2 од Законот за Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на РМ” бр. 20/09, 53/11, 164/13,   43/14, 33/15, 88/15, 149/15, 39/16 и 172/16), членовите 29 и 32 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15 и 39/16) ,  Законот за производи за заштита на растенијата („Службен весник на РМ“ бр. 110/07, 20/09, 17/11, 53/11, 69/13, 10/15, 129/15 и 39/16), Законот за квалитет и безбедност на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата  („Службен весник на РМ” бр.27/14, 154/15 и 39/16)  и Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на РМ” бр.162/15 и 227/15).