Порталот за електронска комуникација ( Е – Барање за издавање на уверение за квалитет ) со Државниот инспекторат за земјоделство  е наменет за сите правни и физички лица кои до сега остварувале писмена комуникација со Државниот инспекторат за земјоделство, или ќе имаат потреба во иднина. Е – Барање за издавање на уверение за квалитет е дополнителена апликација која,  Државниот инспекторат за земјоделство  ја става на располагање на сите надворешни корисници со цел да  им овозможи да подигнуваат најразлични видови на барања за издавање на уверение за квалитет – сертификат / придружен документ за производот што се увезува, извезува или пушта во внатрешен промет,  кои  се  издаваат од страна на Државниот инспекторат за земјоделство во електронска форма.

Врз основа на член 12  став 2 од Законот за Државниот инспекторат за земјоделство ( „Службен весник на РМ” бр. 20/09, 53/11, 164/13,   43/14, 33/15, 88/15, 149/15, 39/16 и 172/16 ), Закон за виното ( Сл. Весник на Република Македонија бр. 50/10, 53/11, 06/12, 23/2013, 106/13,188/13,149/15,  39/16 и 172/16),Правилник за формата, содржината и начинот на издавање на уверението за квалитет – сертификат и образецот на барањето (Службен весник бр. 162/15) и Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на РМ” бр.162/15 и 227/15 )  Државниот инспекторат за земјоделство го донесе Упатството за дигитално аплицирање на правните субјекти за издавање на:

  • Барања за издавање на уверение за квалитет – сертификат / придружен документ за производот што се увезува, извезува или пушта во внатрешен промет

од страна на  Државниот инспекторат за земјоделство.

Електронското поднесување  на барање за издавање на уверение за квалитет – сертификат / придружен документ за производот што се увезува, извезува или пушта во внатрешен промет се врши со избор на следниот линк www.diz.gov.mk  преку одбирање (кликнување) на полет означено  како Е – Барање за издавање на уверение за квалитет.

НАЧИН НА НАПЛАТА НА АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ НАДОМЕСТОЦИ​

Правен основ за начинот на наплата на административните такси се:

Закон за административните такси (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.17/93, 20/96, 7/98, 13/01, 24/03, 19/04, 61/04, 95/05, 7/06, 70/06, 92/07, 88/08, 130/08, 6/10, 145/10, 117/11, 84/12, 192/15 и 23/16) со кој се предвидува плаќање на административна такса за поднесоци, решенија, управни дејствија во моментот на настанување на таксената обврска.

Упатство за начин на плаќање на други давачки дефинирани како други надоместоци, согласно закон

Врз основа на член 12  став 2 од Законот за Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на РМ” бр. 20/09, 53/11, 164/13,   43/14, 33/15, 88/15, 149/15, 39/16 и 172/16), членовите 29 и 32 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15 и 39/16) ,  и Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на РМ” бр.162/15 и 227/15)