Порталот за електронска комуникација ( Е – Барање за  утврдување на услови ) со Државниот инспекторат за земјоделство  е наменет за сите правни и физички лица кои до сега остварувале писмена комуникација со Државниот инспекторат за земјоделство, или ќе имаат потреба во иднина.  Е – Барање за  утврдување на услови е дополнителена апликација која,  Државниот инспекторат за земјоделство  ја става на располагање на сите надворешни корисници со цел да  им овозможи да подигнуваат најразлични видови на барања за издавање на придружен документ за потврдување и утврдување на услови  кои  се  издаваат од страна на Државниот инспекторат за земјоделство  во електронска форма од областа на Земјоделската испекција.

Врз основа на член 12  став 2 од Законот за Државниот инспекторат за земјоделство ( „Службен весник на РМ” бр. 20/09, 53/11, 164/13,   43/14, 33/15, 88/15, 149/15, 39/16 и 172/16 ),  Државниот инспекторат за земјоделство го донесе Упатството за дигитално аплицирање на правните субјекти за издавање на:

  • Барање за издавање на придружен документ за потврдување и утврдување на услови

од страна на  Државниот инспекторат за земјоделство.

Електронското поднесување  на барање за издавање на придружен документ за извоз на вино, производи од винско грозје и производи од вино се врши со избор на следниот линк www.diz.gov.mk  преку одбирање ( кликнување ) на полет означено  како Е – Барање за утврдување на услови

НАЧИН НА НАПЛАТА НА АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ НАДОМЕСТОЦИ

Правен основ за начинот на наплата на административните такси се:

Закон за административните такси (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.17/93, 20/96, 7/98, 13/01, 24/03, 19/04, 61/04, 95/05, 7/06, 70/06, 92/07, 88/08, 130/08, 6/10, 145/10, 117/11, 84/12, 192/15 и 23/16) со кој се предвидува плаќање на административна такса за поднесоци, решенија, управни дејствија во моментот на настанување на таксената обврска.

Упатство за начин на плаќање на други давачки дефинирани како други надоместоци, согласно закон

Врз основа на член 12  став 2 од Законот за Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на РМ” бр. 20/09, 53/11, 164/13,   43/14, 33/15, 88/15, 149/15, 39/16 и 172/16), членовите 29 и 32 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15 и 39/16) ,  и Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на РМ” бр.162/15 и 227/15)