Порталот за електронска комуникација ( Е – Барање за извоз на вино ) со Државниот инспекторат за земјоделство е наменет за сите правни и физички лица кои до сега остварувале писмена комуникација со Државниот инспекторат за земјоделство, или ќе имаат потреба во иднина. Е – Барање за извоз на вино е дополнителена апликација која, Државниот инспекторат за земјоделство ја става на располагање на сите надворешни корисници со цел да им овозможи да подигнуваат најразлични видови на барања за издавање на придружен документ за извос на вино, производи од винско грозје и производи од вино кои се издаваат од страна на Државниот инспекторат за земјоделство во електронска форма од областа на Земјоделската испекција.
Врз основа на член 12 став 2 од Законот за Државниот инспекторат за земјоделство ( „Службен весник на РМ” бр. 20/09, 53/11, 164/13, 43/14, 33/15, 88/15, 149/15, 39/16 и 172/16 ), Закон за виното ( Сл. Весник на Република Македонија бр. 50/10, 53/11, 06/12, 23/2013, 106/13,188/13,149/15, 39/16 и 172/16),Правилник за формата, содржината и начинот на издавање на уверението за квалитет – сертификат и образецот на барањето (Службен весник бр. 162/15), Правилник за содржина и форма на придружниот документ за извоз на вино ( Сл. Весник на Република Македонија бр. 71/11, стр. 14 ), Правилник за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на придружен документ за извоз на вино, производи од винско грозје и производи од вино (Службен весник бр. 79/13, стр. 154), и Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на РМ” бр.162/15 и 227/15 ) Државниот инспекторат за земјоделство го донесе Упатството за дигитално аплицирање на правните субјекти за издавање на:
- Барање за издавање на придружен документ за извоз на вино, производи од винско грозје и производи од вино
од страна на Државниот инспекторат за земјоделство.
Електронското поднесување на барање за издавање на придружен документ за извоз на вино, производи од винско грозје и производи од вино се врши со избор на следниот линк www.diz.gov.mk преку одбирање (кликнување) на полет означено како Е – Барање за извоз на вино
НАЧИН НА НАПЛАТА НА АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ НАДОМЕСТОЦИ
Правен основ за начинот на наплата на административните такси се:
Закон за административните такси (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.17/93, 20/96, 7/98, 13/01, 24/03, 19/04, 61/04, 95/05, 7/06, 70/06, 92/07, 88/08, 130/08, 6/10, 145/10, 117/11, 84/12, 192/15 и 23/16) со кој се предвидува плаќање на административна такса за поднесоци, решенија, управни дејствија во моментот на настанување на таксената обврска.
Во рубриката:
– ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ – ЗАДОЛЖУВАЊЕ:
ЗАДОЛЖИТЕЛНО се потполнува единствениот повикување на број кој се регистрира ( односно кој го генерира системот и истиот се наоѓа во долниот лев агол веднаш под барањето ) при печатење на барањето преку апликацијата за Е – Барање за извоз на вино.
Во рубриката:
– ЦЕЛ НА ДОЗНАКА:
ЗАДОЛЖИТЕЛНО се пополнува називот на барањето/пријавата за која се врши уплатата
– НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ – БУЏЕТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
– БАНКА НА ПРИМАЧОТ – НАРОДНА БАНКА НА РМ
– СМЕТКА – единствена трезорска сметка 100000000063095
– УПЛАТНА СМЕТКА – 840 ХХХ 03161 (се внесува ознаката на општината согласно списокот објавен со Упатаството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи)
– ПРИХОДНА ШИФРА : 722313
– ДАТУМОТ НА ВАЛУТАТА И ДАТУМОТ НА УПЛАТАТА треба да бидат идентични – НАЧИН – пр. за да може уплатувачот веднаш да ја користи уплатата потребно е да биде пополнето со 1 т.е. уплатата веднаш ќе биде реализирана од банка, или 2 т.е. уплатата ќе биде реализирана со датумот на валутата.
НАПОМЕНА: Овој начин на наплата на административнат такса се применува за сите уплати на име административна такса, за барањата/пријавите објавени на веб локацијата www.diz.gov.mk. Уплатите се вршат ЗАДОЛЖИТЕЛНО на наведената сметка без оглед на начинот на кој (електронски или хартиен) се поднесува барањето за дозвола до надлежниот орган и без оглед на начинот на кој се врши поднесувањето на налогот (пр. на шалтер или преку е- банкарство).
Упатство за начин на плаќање на други давачки дефинирани како други надоместоци, согласно закон
Врз основа на член 12 став 2 од Законот за Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на РМ” бр. 20/09, 53/11, 164/13, 43/14, 33/15, 88/15, 149/15, 39/16 и 172/16), членовите 29 и 32 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15 и 39/16) , и Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на РМ” бр.162/15 и 227/15)
Во рубриката: – ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ – ЗАДОЛЖУВАЊЕ:
ЗАДОЛЖИТЕЛНО се потполнува единствениот повикување на број кој се регистрира ( односно кој го генерира системот и истиот се наоѓа во долниот лев агол веднаш под барањето ) при печатење на барањето преку апликацијата за Е – Барање за извоз на вино.
Во рубриката:
– ЦЕЛ НА ДОЗНАКА:
ЗАДОЛЖИТЕЛНО се потполнува називот на барањето/пријавата за која се врши уплатата.
Следниве податоци не се менуваат и се однесуваат на двата начина на потполнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50
– НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ– БУЏЕТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
– БАНКА НА ПРИМАЧОТ– НАРОДНА БАНКА НА РМ
– СМЕТКА – единствена трезорска сметка 100000000063095
– УПЛАТНА СМЕТКА – 840 xxx 06233 (се внесува ознаката на општината согласно списокот објавен со Упатството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи)
– ПРИХОДНА ШИФРА: 725930-19
– СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1400662065 – 631 – 13
– ДАТУМОТ НА ВАЛУТАТА И ДАТУМОТ НА УПЛАТАТА – треба да бидат идентични – НАЧИН – пр. за да може уплатувачот веднаш да ја користи уплатата потребно е да биде потполнето со 1 т.е. уплатата веднаш ќе биде реализирана од банка, или 2 т.е. уплатата ќе биде реализирана со датумот на валутата.
НАПОМЕНА: За секое барање за дозвола, барателот врши посебна уплата (на посебен налог). Економскиот оператор ќе биде должен да му достави на органот доказ за извршена уплата на административна такса како и други надоместоци (презентиран на хартија).