Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) е основан согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа, а својата организација, надлежности, овластувања, постапки и сл. ги врши согласно Законот за Државниот инспекторат за земјоделство.
Инспекторатот во својата надлежност е овластен да врши инспекциски надзор преку контроли и прегледи на:
- земјоделското земјиште,
- земјоделски посеви и насади;
- производство и промет на производи за заштитата на растенија;
- производство и промет на семенски и саден материјал;
- производство и промет на ѓубриња;
- производство и промет на квалитет на добиточна храна;
- евиденција на приплоден и друг добиток, преглед на земјоделскиот имот, на објекти и опрема при држење на добитокот, врши преглед на исхраната, утврдува земјоделска инфраструктура, врши надзор на држењето на пчели и пчеларски ред за испаша, водење на матични книги и обележувања, го утврдува исполнувањето на критериумите за производство, потекло на добитокот и надзор на прометот на добитокот и приплодниот материјал, како и надзор над работата на одобрените институции и одгледувалишта на пчелни матици;
- производство, промет и улов на риби;
- генетски модифицирани организми;
- радионуклиди во добиточна храна, растенија и семенски материјал;
- производство и промет на афион;
- производство и промет на органски производи;
- производство и промет на вино;
- производство и промет на тутун;
- производство и промет на цвеќе и декоративни растенија;
- пасишта;
- правни и физички лица за добивање на финансиска поддршка во земјоделството;
- опремата и простории каде што се врши преработка и доработка на земјоделски производи;
- земјоделска механизација, техника и транспортни средства;
процесите на преработка и доработка во сите фази, се до финалниот производ; - зоните чувствителни на нитрати и наводнување и одводнување;
- спроведување на препораките за добра земјоделска пракса;
- просториите за чување и одржување на земјоделските производи
- и деловни простории, книги, исправи, материјали во електронска форма, документација која се води и чува во електронски медии
Инспекторатот е овластен да врши инспекциски надзор преку контрола и прегледи на пратките од увоз и извоз, и тоа на:
- квалитет на пратките од увоз на добиточна храна, ѓубриња, семенски и саден материјал
- вино при увоз и извоз,
- квалитетот на цвеќе и декоративни растенија при увоз и извоз
- пратки од добиточна храна, ѓубриња, семенски и саден материјал, фитофармацевтски производи и растенијата на граничните премини, преку фитосанитарна контрола при увоз, извоз и транзит.
Инспекторатот врши и фитосанитарна контрола на пратки од растенија, растителни производи и други објекти и предмети и производи за заштита на растенијата како и утврдување за исполнување на условите за издавање на фитосанитарен сертификат, фитосанитарен сертификат за реекспорт и пасош за растенијата.