Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, одржа работен состанок со претставници на Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и Сојузот на тутунарски здруженија. Состанокот се одржа во Конгресната сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Како што беше претходно најавено, министерот одговори на потребата од нова средба, на која повторно ќе се разгледа состојбата со откупот на тутун, пред истекот на крајниот рок, кога законски треба да заврши откупот на тутун од минатогодишната реколта.
До овој момент откупени се околу 21 милиони килограми. Заклучно со утрешниот ден се очекува 98% отсто да се заокружи договореното производство. Потоа ќе продолжи откупот на произведениот вишок на тутун, што е реално најголемиот проблем за оваа сезона.
Заклучок од денешниот состанок е тоа што со оглед на климатските услови и динамиката на откуп, ќе се предложи на Владата по брза постапка да направи измена на Законот за тутун, со цел да се продолжи рокот, односно наместо до крајот на овој месец, рокот да биде заклучно со 31. март. Така ќе се добие време да изнајдеме решение за да ја спасиме оваа лоша сезона за тутунот. Во петиот пакет економски мерки, предвидени се околу 5 милиони евра за тутунопроизводителите, но динамиката и начинот на исплаќање на средствата ќе се утврди откако ќе заврши целиот откуп.
Дпжавниот инспекторат за земјоделство ќе продолжи да ја следи состојбата и да превзема активности со цел успешно завршување на откупот на тутун.
No comment yet, add your voice below!