Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство на Република Северна Македонија м-р Станкоски Јане и директорот на Централниот инспекциски оддел за заштита на квалитетот и за заштита од измами кај земјоделско-прехранбените производи при Министерството за земјоделство, прехранбен суверенитет и шумарство на Република Италија Феличе Асентза во присуство на амбасадорот на Република Северна Македонија во Републима италија Весел Мемеди и амбасадорот на Република Италија во Република Севрна Македонија Андреа Силвестри потпишаа Меморандум за разбиање.
Преку овој Меморандум страните ќе воспостават постојан канал на соработка со цел да се подобрат стандардите за контрола на прехранбените производи, на ознаките на храната, на органските производи, на географските ознаки за вина, за ароматизирани вина, за прехранбени производи и за јаки алкохолни пијалоци и на снабдувањето на земјоделските стопанства со што би се спречило какво било прекршување на законската регулатива поврзана со трговијата на прехранбени производи и со географските ознаки.
Меморандумот обезбедува услови за размена на податоци, искуства и добри практики во насока на заштита на потрошувачите.
Државниот инспекторат за земјоделство ќе продолжи да ја унапредува воспоставената пракса во понатамошниот период за одржување на успешна комуникација со другите релевантни органи и институции од регионот и пошироко во Европа.
No comment yet, add your voice below!