Архивски број:03-810/1
Датум: 21.11.2025 година
Врз основа на Законот за државниот инспекторат за земјоделство (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 20/09, 53/11, 164/13, 43/14, 33/15, 88/15, 149/15, 39/16, 172/16, 83/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/25),Одлука
за продажба на одземени предмети – пченица со бр.02-13655/1 од 14.11.2025 година, и извршно решение Прк. бр. 223/24-О од 18.11.2024 година од Основен суд Штип, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на предлог директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, за продажба на трајно одземени предмети на Државниот инспекторат за земјоделство ја дава следнава:
О Б Ј А В А бр. 01/2025
За прва продажба на трајно одземени предмети (пченица III класа) по пат на јавно наддавање
- ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА СО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на јавно наддавање е продажба на трајно одземени предмети (пченица III класа), сопственост на Државен инспекторат за земјоделство – Република Северна Македонија, согласно извршното решение Прк. бр. 223/24-О од 18.11.2024 година од основен суд Штип.
- ПОДАТОЦИ ЗА ТРАЈНО ОДЗЕМЕНИ ПРЕДМЕТИ
| Основен суд Штип | Решение Прк. бр. 223/24-О од 18.11.2024 година |
| Податоци за видот на производот | Земјоделска култура – пченица |
| Класа на производот | Пченица III класа |
| Количина на производот | 293.940 килограми |
| Состојба на производот (во прилог Извештај од Фуд Лаб ДОО Скопје за извршена анализа и параметри за квалитет) | Бр. 174124 х од 23.08.2024 година |
| Проценка од Биро за проценка | Бр. СВ V 62/24 од 30.08.2024 година |
| Преглед и увид на предметите (во силоси – склучен договор за складирање на пченица род 2016 година со арх. бр. 03-884/1 од 14.11.2016 година) | Складиштарот Друштво за производство, трговија и услуги КИТ ГО АГРАР ДООЕЛ Штип со седиште ул. Железничка бр. 36, Штип. |
| Проценета почетна цена во денари 2.645.460,00 денари | |
| Банкарска гаранција (10%) | 264.546,00 денари |
| Mинимален чекор (со ограничување) | минимум 0,50 денари |
- ДАТУМ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Јавното наддавање ќе се изврши во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државниот инспекторат за земјоделство, на адреса Бул,,Гоце Делчев бр.18 зграда на МРТВ кат 13 – 1000 Скопје.
Продажбата ќе се изврши како една целина (за целокупната количина од 293.940 кг.), на ден 03.12.2025 година во 11:00 часот.
Трајно одземени предмети (пченица III класа) се лоцирани во силоси кај складиштарот Друштво за производство, трговија и услуги КИТ ГО АГРАР ДООЕЛ Штип со седиште ул. Железничка бр. 36, Штип.
Избраното правно, странско или физичко лице има обврска да изврши преземање на трајно одземени предмети (пченица III класа) во количина од 293.940 кг., предмет на јавниот повик од локацијата наведена во точка 3 согласно законските прописи на свој трошок.
Подетални информации можат да се добијат на тел. 02/3121-462 или на мобилоен број тел. 070/403-925 лице за контакт Бесим Бафќари, е-маил: besim.bafqari@diz.gov.mk
- ПОЧЕТНА ЦЕНА НА ПЧЕНИЦАТА И ВИСИНА НА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА
Продажбата на трајно одземени предмети (пченица III класа), ќе се изврши како една целина по пат на усно јавно наддавање во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државниот инспекторат за земјоделство, на адреса Бул,,Гоце Делчев бр.18 зграда на МРТВ кат 13 – 1000 Скопје со проценета вредност согласно Процената од Бирото за судски вештачења бр. СВ V 62/24 од 30.08.2024 година, во која е проценета вкупната вредност на трајно одземени предмети (пченица III класа) во износ од 2.645.460,00 денари (293,94 t x 9.000,00 денари) односно 9,00 денари/kg.
Почетната вредност на јавното наддавање претставува вкупната проценета вредност и истата изнесува 2.645.460,00 денари.
Висината на банкарската гаранција за сериозност на понудата изнесува 10% од висината на почетната цена на јавно наддавање (2.645.460,00 денари), односно висината на гаранцијата изнесува 264.546,00 денари.
- ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на јавно наддавање имаат сите правни лица, странски лица и физички лица кои можат да се стекнат со сопственост на трајно одземени предмети (пченица III класа) согласно со членот 6 од Упатството.
Заинтересираните правни, странски и физички лица можат да учествуваат на усното јавно наддавање само за целокупната количина, односно ќе биде како една целина.
- ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Пријавувањето за учество на јавното наддавање се врши со комплетна документација во пријавата (Прилог 1) и изјавата за прифаќање на условите од објавата (Прилог 2) во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државниот инспекторат за земјоделство, на адреса бул. ,,Гоце Делчев“ бр.18 зграда на МРТВ кат 13 – 1000 Скопје.
Во прилог подносителот треба да поднесе:
- Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 10% од почетната цена на јавното наддавање, односно висината на гаранцијата изнесува 264.546,00 денари. Банкарската гаранција за сериозност на понудата треба во писмена форма (во оригинал) да се достави и до архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државниот инспекторат за земјоделство во затворено плико со назнака за „Комисијата за продажба на трајно одземени предмети на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државниот инспекторат за земјоделство“, на адреса ул. бул. Гоце Делчев бр.18 Скопје (Зграда на МТВ 13 кат), до крајниот рок во огласот за јавно наддавање;
- За правни лица – тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија, односно соодветен документ издаден од надлежен орган од земјата каде е регистриран правниот субјект не постара од шест месеци до денот на завршување на објавата;
- За странски правни лица – извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа;
- За физички лица – Копија од важечка лична карта или важечка патна исправа.
- Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши комуникацијата од учество на јавно наддавање, односно на која ќе му доставувани информации, податоци и документи од постапката за јавно наддавање.
- 7. РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
За учество на јавното наддавање, учесниците се должни да се пријават до истекот на 5-от ден, сметано од денот на објавување на објавата во дневните весници и на https://diz.gov.mk/ и https://www.mzsv.gov.mk/, односно заклучно до 28.11.2025 година.
Комисијата на подносителите за јавното наддавање кои се пријавиле со комплет документи во прилог, во рок од 3 – три дена од истекот на времетраењето на објавата ќе им достави потврда (на електронската адреса) за учество во усното јавното наддавање, а на подосителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат во јавното наддавање.
- БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА
Банкарската гаранција за сериозност на понудата во висина од 10% од почетната цена на јавното наддавање, односно висината на гаранцијата изнесува 264.546,00 денари.
Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Северна Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да биде со рок на важност од 60 дена од денот на издавањето.
Доколку купувачот не ја уплати цената во рок од 5-пет дена од заклучувањето на јавното наддавање се смета дека купувачот се откажал од одземените предмети и внесената банкарска гаранција од него служи за покривање на трошоците на јавното наддавање, а јавното наддавање се прогласува за неуспешно.
9. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Јавното наддавање се спроведува во согласност со упатството бр. 02-8088/1 од дата 13.06.2025 година и одредбите од Законот за државниот инспекторат за земјоделство (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 20/09, 53/11, 164/13, 43/14, 33/15, 88/15, 149/15, 39/16, 172/16, 83/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/25), а по донесено извршно решение Прк. бр. 223/24-О од 18.11.2024 година од Основен суд Штип.
Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена за продажба на трајно одземени предмети (пченица III класа) и се спроведува по пат на усно наддавање од страна на учесниците.
Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по Објавата се пријавил само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во Објавата и ја прифати почетната цена.
Наддавањето се заклучува по истекот на времето определено од страна на Комисијата, односно непосредно по истакнувањето на најповолната понуда.
За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за продажба на трајно одземните предмети – пченица III класа.
Комисијата по завршување на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.
Записникот за јавното наддавање се испраќа на e-mail на учесниците на јавното наддавање, како и истиот се истакнува и на огласната табла на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државниот инспекторат за земјоделство и мора да остане истакнат 3 – три дена.
Најповолниот понудувач во рок од 5 – пет дена од денот на приемот на писменото известување (решение) за избор е должен да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена за трајно одземните предмети – пченица III класа на сметка на Буџет на Државниот инспекторат за земјоделство на Република Северна Македонија, како орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно член 23 став 2 од Законот за државниот инспекторат за земјоделство (средствата добиени од продажба се приход на Буџетот на инспекторатот) и тоа:
- назив на примачот – буџет на Република Северна Македонија
- банка на примачот– Народна Банка на РСМ
- сметка – единствена трезорска сметка 100000000063095
- сметка на корисник: 140010028063119
- приходна шифра: 725930
- програма: 31
Доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државниот инспекторат за земјоделство.
Министерот на предлог на Директорот, во рок од 5- пет дена по извршената уплата на сумата од страна на купувачот на сметката на Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државниот инспекторат за земјоделство, донесува решение за извршената продажба и предавање на трајно одземените предмети во владение на купувачот кој претставува правна основа за стекнување на правото на сопственост на купувачот и со него се склучува Договор за продажба на трајно одземните предмети.
10. ПРОСТОРИИТЕ КАДЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Јавното усно наддавање ќе се изврши во деловните простории на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државниот инспекторат за земјоделство со седиште бул,,Гоце Делчев бр.18 зграда на МРТВ кат 13 – 1000 Скопје.
Јавното наддавање ќе се одржи на ден 03.12.2025година во 11:00 часот.
Комисија за продажба на трајно одземени предмети на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државниот инспекторат за земјоделство


No comment yet, add your voice below!