Иако откупот на тутунот од страна на сите 10 откупни претпријатија не е започнат, се погласни се реакциите на тутунопроизводителите за ниска откупна цена на тутунот. До редакцијата на Агротим пишуваат незадоволни земјоделци кои се жалат, како што велат, на нереална проценка на тутунот и бараат поддршка од институциите.

За ваквите тврдења на тутунопроизводителите став побаравме од директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ.

-Согласно законот, откупот на тутунот започнува најрано на 15 ноември, а најдоцна до 15 декември. Досега, од десетте регистрирани откупувачи само три започнаа да откупуваат на одреден број на пунктови. Деновиве се очекува и останатите откупувачи да отпочнат со откупот. Од 10 регистрирани откупувачи 8 обезбедија финасиски средства како гаранција за наврмена исплата на тутунот на земјоделците и добија одобрение од страна на Државниот инспекторат дека ги исполнуваат условите за откуп предвидени со законот: гаранции за финасиски средства, сетрификација на уреди за мерење на тежина и за мерење на влага, обезбедување на пунктови за откуп и друго.Останатите две регистрирани компании се должни да ги обезбедат тие услови најдоцна до 15 ти декември. Државниот инспекторат за земјоделство по поднесување на барање од откупните компании брзо реагираше и ги изврши сите неопходни контроли и констатира дека се исполнети условите – вели Шапуриќ и додава дека инспекторите се постојано на терен.

-Иако во мошне тешки услови на пандемија, во ситуација кога доста инспектори се лекуваат од Ковид 19 или пак, се во изолација инспекторите се постојано на терен. Улогата на инспекторатот е да врши контрола на исполнетоста на услови и на одвивање на откупот според предвидената динамика. Постојат реакции од страна на одредени производители дека проценката на тутунот од страна на компаниите кои се занимаваат со откуп е пониска за една класа и имаат поплаки до инспекторатот, до мене лично, до министерот за земјоделство шумарство и водостопанство и до министерствтот како и до други институции, но државата и институциите не можат да влијаат врз проценката и врз цената. Тоа може да го направат производителите единствено според законот преку жалба за проценка на тутунот пред надлежна комисија каде пак, државата има еден претставник. Иако откупот е на сам почеток, досега нема жалби – изјави Шапуриќ и потсети дека лани имаше само 9 жалби од кои 4 беа повлечени, 2 одбиени, а 3 прифатени. За годинава претпоставува дека ќе има повеќе жалби.

– Со министерот Аријанит Хоџа сум во секојдневена комникациии, а одржани се повеќе средби со откупувачите и со претставници на земјоделски производителеи. Овие средби каде претставниците на државата, на откупувачите и на производителите ќе ги изнесуваат своите аргументи. Се следи и ќе се следи состојбата, а ваквите средби ќе продолжат и понатаму особено по 10 декември кога се очекува поинтезивен откуп. Многу е важно да се почитуваат здравствените протоколи од сите инволвирани субјекти, во овие мошне тешки услови и откупот да биде безбеден максимално во поглед на здравствените апспекти. Не дај боже да дојде до поголемо заболување кај вработените во откупните пунктови, кај производителите или пак инспекторите откупот ќе биде на многу места мошне отежан, па затоа е важно да биде безбден – апелира Шапуриќ.

Минатата година се склучија договори за откуп на 26 милиони килограми тутун и целата количина беше откупена. Годинава се склучени договори за околу 3 милиони килограми тутун помалку и очекуваме целата количина да биде откупена. Откупувачите наведуваат дека помала количина на тутун што е договорена се должи поради залихите што ги имаат од ланскиот откуп и помала побарувачка на светскиот пазар и конкуренцијата на вишокоот на тутун од други земји

-Годинава откупувачите одлучија согласно законот да отпочната подоцна со откуп и сеуште е рано за некои конечни оценки и согледувања. Ова ќе може да се проценува целосно дури околу 15 декември кога мора сите откупувачи да отпочнат со откупот на тутунот – изјави за Агротим, Шапуриќ.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

I accept the Privacy Policy