Врз основа на одредбите од Закон за управување со отпадот (“СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ” бр. 68/2004; 71/2004; 107/2007; 102/2008; 143/2008; 82/2009; 124/2010; 140/2010; 9/2011; 51/2011; 6/2012; 123/2012; 147/2013; 163/2013; 27/2014; 51/2015; 146/2015; 156/2015; 192/2015; 39/2016; 63/2016; 31/2020), “СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ” бр. 6/2012; 163/2013; 146/2015; 39/2016),  Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (“СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ” бр. 140/2010; 47/2011; 148/2011; 39/2012; 163/2013; 146/2015; 39/2016) и член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.101/19 и 275/19) како  и Одлуката за давање на согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија („Службен Весник на Република Северна Македонија“бр.298 од 16.12.2020 година), Комисијата за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад формирана со решение број 02-1056/1 од 22.12.2020 година, од страна на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, објавува јавен повик,  согласно Решението за отпис на електронски инвентар (апарати), број 02-778/1 од 30.09.2020 година, и Решението за дополнување на Решението за отпис на електронски инвентар (апарати) број 02-778/2 од 20.10.2020 година,  Државниот инспекторат за земјоделство објавува јавен повик за избор на правнo лицe кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад за движни ствари –опрема кои се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и не можат да се продадат или разменат (движните ствари на јавниот повик се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и не можат да се продадат или разменат).

Критериум за избор на правно лице е рокот за преземање на движните ствари предмет на јавниот повик, без надомест.

Предмет на јавниот повик се:

– Движните ствари отпишани со Решението за отпис на електронски инвентар (апарати), број 02-778/1 од 30.09.2020 година  (електронски инвентар „апарати“) и

– Движните ствари отпишани со Решението за дополнување на Решението за отпис на електронски инвентар (апарати) број 02-778/2 од 20.10.2020 година, (столици, работни бироа, друг мебел).

Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари, кои се предмет на јавниот повик и истите да ги селектрира и транспортира како отпад на соодветен начин, согласно горенаведените законски одредби.

Движните ствари се наоѓаат во  просториите на Државниот инспекторат за земјоделство на ул. Бул. Гоце Делчев бр.18 13-кат, Зграда на МРТВ,  Скопје, просториите на Државниот инспекторат за земјоделство во ПЕ Струмица, просториите на Државниот инспекторат за земјоделство ПЕ Прилеп и просториите на Државниот инспекторат за земјоделство ПЕ Струга.

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган.

Лицe за контакт во врска со јавниот повик: Бесим Бафќари, телефон за контакт: 02/3121-462 и 070/403-925,  електронска адреса: besim.bafqari@diz.gov.mk.

Јавниот повик се објавува во Службен весник на РСМ и во веб страната на Државниот инспекторат за земјоделство (diz.gov.mk).

Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребната документација во врска со јавниот повик е достапна во електронска форма на веб страната на Државниот инспекторат за земјоделство (diz.gov.mk) или може да се подигне лично во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство на ул. ,, Бул. Гоце Делчев бр.18 13-кат, Зграда на МРТВ Скопје или електронски, преку следниот линк: Јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад.

Краен рок за доставување на пријавите за учество е 5 работни дена од денот на објавување во Службен весник на Република Северна Македонија и на веб страната на Државниот инспекторат за земјоделство.

 

Со почит,

Комисија за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад.

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy