Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа,  во Прилеп оддржаа средба со Сојузот на тутунарски здруженија, на која присуствуваа и дел од откупувачите на тутун. На средбата се разговараше за откупот на реколтата 2020 година и изнаоѓање на решенија кои ќе ги надминат проблемите од годинава, воочи престојната сезона. Тутунопроизводителите изразија загриженост околу откупот на вишокот на тутун, како и ставови на сојузот околу разгледување на предлог правилникот за откуп на тутун и склучувањето на договори со откупните претпријатија за наредната реколта.
Министерот Хоџа ги извести тутунарите дека после средбата со Министерот за земјоделство на Република Турција, Бекир Пакдемирли, се отвори можност за пласман на тутунот во оваа пријателска земја, со што би се решил откупот на вишокот на тутун оваа година. Секако во исто време продолжуваат разговорите со откупните фирми за откуп на преостанатите количини на тутун. Министерот Хоџа ги охрабри тутунопроизводители и откупувачите, преку заеднички средби и разговори да дојдат до оптимални решенија пред новата сезона.
Државниот инспекторат за земјоделство ќе учествува во изготвувањето на сите законски предуслови за една успешна сезона во производството на една стратешка култура, како што е тутунот.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy