Согласно Законот за тутун откупот на тутун започнува најдоцна до 15 декември. Според најавите на регистрираните откупувачи на тутун откупот на тутунот ќе отпочне помеѓу 5 ти и 10 декемеври, информира директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, изјави дека од осумте регистрирани откупувачи досега 5 откупувачи обезбедиле финансиски средства за откуп на договорените количини на тутун.

-Ова е констатирано од увидите во исполнетост на условите на откупувачите. Останатите треба да го направат до 15 ти декември. Вкупно се регистрирани 173 откупни пунктови во државата. Се врши контрола на овие откупни пунктови и досега се извршени контроли на повеќе од половина пунктови. Минатата недела е извршена верификација на мостри во простории на Институтот за тутун во Прилеп од надлежната комисија согласно Законот за тутун. Годинава се очекува да биде повисока просечна цена од минатата година со оглед на најавите дека квалитетот на тутунот е подобар од лани. ДИЗ за време на откупот постојано ќе биде присутен на терен и ќе врши надзор согласно законот – изјави Шапуриќ.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

I accept the Privacy Policy