Почна откупот на тутунот од годинашната реколта. До денеска се отворени 20 од 173 откупни пункта во државата. Пунктови отворија Прилепскиот тутунски комбинат, „Сокотаб“ од Битола и „Алијанса“ од Кавадарци. Годинава се склучени договори за околу 22.200 тони тутун.

Тутунарите очекуваат добра цена бидејќи велат дека тутунот е квалитетен.

Проценителите на вагите во Прилепскиот тутунски комбинат потврдуваат дека тутунот е поквалитетен и се надеваат дека и производителите ќе бидат задоволни.

Според директорот на Земјоделскиот инспекторат Зоран Шапуриќ, сите компании треба да ги отворат пунктовите до 15 декември.

– Откупот почна на 20 од вкупно 173 откупни пункта во земјава. Од осумте компании уште една деновиве треба да достави гаранција за исплата. За годинашнава реколта се потпишани договори за околу 22.300 тони тутун. Родот е квалитетен. Очекуваме добар тек на откупот, а инспекторатот секако ќе биде на терен да ја следи откупната кампања, изјави Шапуриќ.

Откупот официјално трае до 31 март наредната година.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy