Во рамките на ЕУ IPA Твининг проектот „Подобрување на административните и оперативните капацитети на надлежните органи за заштита на растенијата“, кој се спроведува во соработка со надлежните фитосанитарни служби од Италија и Грција, во периодот од 18 до 21 јули во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство реализирана е мисија од страна на експертот г-ѓа Власта Кнапиќ, словенечки експерт со повеќегодишно искуство во областа на фитосанитарна политика. Целта на мисијата беше изработка на техничкиот дел од Прирачникот за спроведување на фитосанитарна инспекција на пратки од растенија, растителни производи од увоз, во насока на примена на европските практики во секојдневното работење на фитосанитарните инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство.
No comment yet, add your voice below!