Врз основа на член 22, 23, 24, 46, 47, 48 и 49 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19 и 275/19) , согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија бр. 41-5941/1 од 06.09.2022 година објавена во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 197/22, Комисијата за продажба на движни ствари на Државен инспекторат за земјоделство ја дава следнава :
О Б Ј А В А бр. 2/2022
за втора продажба на движни ствари – моторни возила (за старо железо) по пат на електронско јавно наддавање
- ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА СО ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронско јавно надавање е продажба на движни ствари, за старо железо, сопственост на Република Северна Македонија, чиј корисник е Државен инспекторат за земјоделство, согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за продажба на движни ствари бр. 41-5941/1 од 06.09.2022 година објавена во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 197/22.
- ПОДАТОЦИ ЗА ДВИЖНИТЕ СТВАРИ – ВОЗИЛА
Ред.Бр. | Податоци за возилото | Број на шасија | Година на набавка |
1 | Патничко моторно возило, марка КИА, тип: Спортаж 2.0 4W D, регистарска ознака: SK 023 RF | KNAJA553585104144 | 1995 |
2 | Патничко моторно возило, марка: Пежо, тип: 106 Актив, регистарска ознака: SK 339 HT | VF31AVJZE52491041 | 2000 |
3 | Патничко моторно возило, марка: Сеат, тип: Леон 1.9, регистарска ознака: SK 983 RH | VSSZZZ1MZ2R015314 | 2002 |
4 | Патничко моторно возило, марка: Сеат, тип: Толедо 2.0, регистарска ознака: SK 9931 АI | VSSZZZILZZD156395 | 1992 |
5 | Патничко моторно возило, марка: Цитроен, тип: Саксо X 1.5 D, регистарска ознака: SK 9416 AF | WF7S0VJZF57367092 | 2001 |
6 | Патничко моторно возило, марка: Сузуки, тип: Алто 1.0, регистарска ознака: ЅТ 3122 AH | MA3EFA11S00119178 | 1995 |
7 | Патничко моторно возило, марка: Опел, тип: Корса 1.3 CDTI, регистарска ознака: SK 560 OJ | W0L0XCF0846144808 | 2004 |
8 | Патничко моторно возило, марка: Сузуки, тип: Алто 1.0, регистарска ознака: ЅТ 365 VI | MA3EFA11SOO111570 | 1995 |
9 | Патничко моторно возило, марка: Сузуки, тип: Алто 1.0, регистарска ознака: SK 8137 AH | MA3FFA11SOO-112075 | 1995 |
10 | Патничко моторно возило, марка: Застава, тип: Југо Корал 65 1.3, регистарска ознака: SK 3190 AD | VX1145A01030094 | 1993 |
11 | Патничко моторно возило, марка: Мерцедес, тип: 200 Туринг D, со регистарска ознака: SK 0387 AK | WDB1241801FO28624 | 1989 |
12 | Патничко моторно возило, марка: Опел, тип: Корса 1.3 CDTI, регистарска ознака: SK 7804 AH | W0L0XCF0846145893 | 2004 |
13 | Пловен објект – чамец, марка на чамец: Бојлиндер Капри, марка на мотор: Меркуруисет | број на шасија (мотор): 00877188 | / |
14 | Марка на мотор за чамец: Евенруде 60 | број на шасија (мотор): 05199347 | / |
Проценета почетна цена во денари 144.885,00 денари |
- ДАТУМ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Продажбата ќе се изврши како една целина, односно како старо железо, на ден 16.12.2022 година во 11:00 часот.
Движните ствари (заклучно со реден број 14 од Табелата) се лоцирани во Скопје на адреса Бул. Илинден – плац на Водостопанство, 1000 Скопје.
Избраното правно или физичко лице има обврска да изврши преземање на движните ствари предмет на јавниот повик од локацијата наведена во точка 3 согласно законските прописи.
Подетални информации можат да се добијат на тел. 02/3121-462 или на 071/411-851 лице за контакт Боби Дрндаревски, е-маил: bobi.drndarevski@diz.gov.mk
Јавното наддавање ќе се изврши по пат на електронско јавно наддавање на следната интернет страница: www.e-aukcii.finance.gov.mk.
- ПОЧЕТНА ЦЕНА НА ВОЗИЛОТО И ВИСИНА НА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА
Продажбата на движните ствари ќе се изврши заедно по пат на електронско јавно наддавање преку електронскиот систем за јавно наддавање со кој управува и оперира Министерството за финансии – Управа за имотно – правни работи со проценета вредност согласно Процената од Бирото за судски вештачења бр. CB/ЕL V -166/21 од 31.05.2022 година, во која е проценета вкупната вредност на движните ствари во износ од 144.885,00 денари
Почетната вредност на електронското јавно наддавање претставува вкупната проценета вредност и истата изнесува 144.885,00 денари
Висината на банкарската гаранција за сериозност на понудата изнесува 2% од висината на почетната цена на електронското јавно наддавање (144.885,00 денари), односно висината на гаранцијата изнесува 2.897,70 денари.
- ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на електронското јавно наддавање имаат сите домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на движни ствари – моторни возила на територијата на Република Северна Македонија согласно со закон.
Заинтересираните правни или физички лица можат да учествуваат на јавното наддавање само за сите возила заедно, односно јавното наддавање ќе биде групно за сите возила наеднаш.
- ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Пријавувањето за учество на јавното наддавање се врши електронски на следната интернет страница: www.e-aukcii.finance.gov.mk.
Во прилог подносителот треба да поднесе:
- Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од почетната цена на јавното наддавање, односно висината на гаранцијата изнесува 2.897,70 денари. Покрај електронски, банкарската гаранција за сериозност на понудата треба во писмена форма (во оригинал) да се достави и до архивата на Државниот инспекторат за земјоделство во затворено плико со назнака за ,,Комисија за продажба на движни ствари – моторни возила“, на адреса Ул. Бул.Гоце Делчев бр.18 (Зграда на МТВ 13 кат);
- За правни лица – тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија, односно соодветен документ издаден од надлежен орган од земјата каде е регистриран правниот субјект не постара од шест месеци до денот на завршување на објавата;
- За странски правни лица – извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа;
- За физички лица – Копија од важечка лична карта или важечка патна исправа.
- Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронско јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на страната e-aukcii.finance.gov.mkна која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.
- 7. РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
За учество на јавното наддавање, учесниците се должни електронски да се пријават до истекот на 15-от ден, сметано од денот на објавување на објавата во дневните весници и на интернет страницата, односно заклучно до 13.12.2022 година.
Комисијата на подносителите кои во системот за електронско јавно наддавање се пријавиле со комплет документи во прилог, во рок од 3 дена од истекот на времетраењето на објавата ќе им достави корисничко име и шифра за учество во јавното наддавање, а на подосителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат во јавното наддавање.
- БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА
Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.
Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Северна Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да биде со рок на важност од 60 дена од денот на издавањето.
- 9. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Јавното наддавање се спроведува во согласност со одредбите од член 26, член 48 и член 49 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и стварите воопштинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија “ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19 и 275/19).
Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена за продажба на движните ствари – моторни возила и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по Објавата се пријавил само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во Објавата и ја наддаде почетната цена. Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат односно зголемуваат цената на возилото. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено, се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.
Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на движната ствар се намалува за 2% од проценетата вредност по што учесниците на јавното наддавање повторно имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на движната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност.
За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за продажба на движната ствар.
Комисијата по завршување на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.
Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање. Приговорот се доставува до Комисијата во рок од 3 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање. Комисијата одлучува по приговорот со решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот. Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена за возилото на сметка на Државниот инспекторат за земјоделство, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните движни ствари.
Со најповолниот понудувач, во рок од 5 работни дена по извршената уплата на цената на возилото, се склучува Договор за продажба на движните ствари. Договорот во рок од 30 дена купувачот го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Обврската за трошоци за солемнизација на Договорот паѓа на товар на купувачот.
Оваа објава ќе биде објавена на веб страната на Државниот инспекторат за земјоделство (www.diz.gov.mk).
- 10. ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА НА КОЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Јавното наддавање ќе се изврши електронски на следната интернет страница:
Јавното наддавање ќе се одржи на ден 16.12.2022 година во 11:00 часот.
Комисија за продажба на движни ствари на Државниот инспекторат за земјоделство
No comment yet, add your voice below!