Во рамките на ЕУ IPA Твининг проектот „Подобрување на административните и оперативните капацитети на надлежните органи за заштита на растенијата“, кој се спроведува во соработка со надлежните фитосанитарни служби од Италија и Грција, во петок 27.10.2023 година во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство беше одржана обука на тема „Презентација на Стандардните оперативни процедури за спровдување на фитосанитарна инспекција на производство на материјал за размножување од коскесто овошје“ од страна на италијанскиот експерт г-дин Фурио Рицоли, фитосанитарен инспектор од регионот Емилија Ромања, со повеќегодишно искуство
Стандардните оперативни процедури кои беа презентирени на обуката се значајна алатка која е директно применлива и во иднина ќе биде користена од страна на државните фитосанитарни инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство при спроведување на нивните работни активности. Со спроведување на наведените процедури фитосанитарната инспекција во расадниците за производство на репродуктивен материјал од коскесто овошје во нашата држава ќе се спроведува во согласност со праксата во Европската Унија.
На наведена обуки земаа учество државните фитосанитарни инспектори од внатрешноста на државата и од граничните премини
No comment yet, add your voice below!