Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски  остварија заедничка средба со преработувачите и откупувачите на црвена пиперка.
На оваа средба се постигна договор за откупните цени на црвената пиперка и тие истите според класи ќе бидат:
✅ прва класа – 40 денари за килограм
✅ прва/втора класа – 30 денари за килограм
✅ втора класа – 20 денари за килограм
✅ трета класа – 12 денари за килограм.
Откупувачите и преработувачите се согласија дека ќе се придржуваат до договорените цени во текот на целиот откуп, но во согласност на побарувачката истите имаат тенденција да се зголемуваат за што Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

I accept the Privacy Policy