
Денес, во интервју за “Тема на денот” за МРТ 1, в.д. директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, говореше за влијанието на нафтената криза врз прехранбениот сектор и состојбите во домашното земјоделско производство.
Директорот Ангеловски се осврна на можните поскапувања на земјоделските производи, владините мерки за продажба на ѓубривата, трговската размена, како и состојбата со увоз и извозот на земјоделски производи.
Дел од разговорот беше посветен и на безбедноста на храната на домашниот пазар, како и значењето на ИПАРД програмите за земјоделскиот сектор.




No comment yet, add your voice below!