Државниот инспекторат за земјоделство продолжува со активности насочени кон јакнење на институционалните капацитети, унапредување на ефикасноста на официјалните контроли и приближување на националниот фитосанитарен систем до стандардите и практиките на Европската Унија. Во таа насока, денес во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство се одржа обука за државните фитосанитарни инспектори, во рамките на проектот за твининг-соработка на Европската Унија „Зајакнување на националниот фитосанитарен систем“. Обуката е посветена на спроведувањето на официјални контроли при увоз на личен багаж на патници, а ја реализира г-дин Едуардо Учиеро, италијански експерт ангажиран во рамките на проектот. Ефикасната контрола на растенијата и растителните производи што патниците ги внесуваат во личниот багаж е важен сегмент во спречувањето на внесување и ширење на карантински штетни организми, заштитата на здравјето на растенијата и зачувувањето на земјоделското производство и биолошката разновидност
Галерија








No comment yet, add your voice below!