Државниот инспекторат за земјоделство постојано е на терен во контрола и поддршка на пласманот на земјоделските производи. Почнувајќи од пласманот на зелката, доматите, краставиците, праските, потоа житариците, пиперките, грозјето се до тутунот, активностите на инспекторите на терен не престануваат.
Првиот човек на ДИЗ, Зоран Шпуриќ, во интервју за Агротим не информираше за моменталните активности на инспекторатот, за досегашниот пласман на земјоделските производи како и очекувањата за годинешната реколта од земјоделските култури.
No comment yet, add your voice below!