


Здружението на спортски риболовци „Бабуна“ денес изврши порибување на рибниот фонд на река Вардар, езеро Младост и река Црна. Порибувањетово количина од 1,6 тони е во рамките на добиената концесија од Министерството за земјоделие и водостопанство. Таа беше надгледувана од страна на овластен инспектор Димче Купенков.
Се изврши порибување на дел од водите кои се во ревирот на ЗСП „Бабуна“ а во согласност со Законот за рибарство и аквакултура. Езеро Младост се пориби со илјада килограми крупен крап и по тежина и по должина и триста килограми ситен крап, додека на реката Вардар во Велес 200 кг и река Црна со 100 кг. Тие количини се согласно со програмата на ЗСР за годишна работа – кажа државниот инспектор м-р Купенков.
Денес во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, остварив работна средба со Македонската риболовна федерација. На средбата беше констатирано дека соработката помеѓу Државниот инспекторат за земјоделство и Македонската риболовна федерација се одвива доста добро, но дека во иднина има простор за нејзино подобрување и продлабочување. Воедно директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, на денешниот состанок имаше можност да се запознае со календарот на претстојни натпревари во спортскиот риболов.
Владата на Република Северна Македонија на денешната 43 редовна седница ја разгледа и усвои Стратегијата за производство на тутун за период 2021-2027 година, со акционен план.
Меѓу целите на седумгодишната стратегија за производство на тутун како посебно се издвоени:
државната помош на земјоделските стопанства кои се занимаваат со тутунско производство;
поддршката на доходот на земјоделските стопанства;
политиките за рамномерен и одржлив развој во тутунопроизводните региони; политиките за рамномерен и одржлив развој во тутунопроизводните региони;
поддршката за формирање на организации на производители.
Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, одржа работен состанок со претставници на Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и Сојузот на тутунарски здруженија. Состанокот се одржа во Конгресната сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Како што беше претходно најавено, министерот одговори на потребата од нова средба, на која повторно ќе се разгледа состојбата со откупот на тутун, пред истекот на крајниот рок, кога законски треба да заврши откупот на тутун од минатогодишната реколта.
До овој момент откупени се околу 21 милиони килограми. Заклучно со утрешниот ден се очекува 98% отсто да се заокружи договореното производство. Потоа ќе продолжи откупот на произведениот вишок на тутун, што е реално најголемиот проблем за оваа сезона.
Заклучок од денешниот состанок е тоа што со оглед на климатските услови и динамиката на откуп, ќе се предложи на Владата по брза постапка да направи измена на Законот за тутун, со цел да се продолжи рокот, односно наместо до крајот на овој месец, рокот да биде заклучно со 31. март. Така ќе се добие време да изнајдеме решение за да ја спасиме оваа лоша сезона за тутунот. Во петиот пакет економски мерки, предвидени се околу 5 милиони евра за тутунопроизводителите, но динамиката и начинот на исплаќање на средствата ќе се утврди откако ќе заврши целиот откуп.
Дпжавниот инспекторат за земјоделство ќе продолжи да ја следи состојбата и да превзема активности со цел успешно завршување на откупот на тутун.
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска во спортската сала “Борис Трајковски“ имаше прва средба со лозарите и претставници на винарниците пред почеток на сезоната со цел навремено информирање и заеднички активности за успешна година.
Државниот инспекторат за земјоделство имаше мошне значајна улога во реализација на Ковид подршката за лозарството.По успешното менаџирање на кризата во лозарството и винската индустрија од минатата година, оваа година ќе почнеме со активности уште пред почетокот на сезоната. За таа цел, од денеска веќе почнуваме разговори со лозарите и винарниците, со фокус на стратешкиот пристап во надминување на сите предизвици оваа година.
Да се предвидидат условите, да ја процени и определи заеднички количината на произведено грозје, со цел да не се создава вишок а со тоа да имаме регулиран откуп.На денешниот состанок е договоривме со винарниците да направат реална проценка за која ќе не информираат на следната средба.
Ваквата вклученост и партнерски однос на инспекторатот е решение за добри и позитивни резултати . Продолжуваме заеднички да се соочуваме со сите предизвици преку постојано комуницирање и одржување на конструктивни средби.
Откупот на тутунот продолжува, отворени сите пунктови и има интерес за носење на родот, велат од Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.Ова го потврдува и Државниот инспекторат за земјоделство.
-Тутунот се откупува на сите откупни пунктови. Тутунарите сакаат да го предадат родот, зашто времето им истекува. Ги повикуваме фирмите да ја зголемат динамиката на откуп, за луѓето да може да го предадат и оној вишок тутун што го имаат и да биде преземен во законскиот рок. На некои пунктови во одредени општини има јавување за запирање за второстепена комисија. Тоа и го бараме како Сојуз – секаде каде има нереална процена, да се запира за второстепена комисија, изјави претседателот на Сојузот на земјоделски здруженија, Менде Стомнароски.
Сојузот, велат, не е против тутунарите да протестираат.
-Ние не сме против тутунарите кои протестираат, така процениле од Иницијативниот одбор, но наше мислење е дека со зголемена динамика ќе се подобри просекот на откуп и навреме да се преземе родот, рече Стомнароски.
Директорот на Инспекторатот, Зоран Шапуриќ вели дека има интерес кај тутунарите за предавање на тутунот. Сите пунктови се отворени, дождот малку ја забави динамиката, но се очекува денеска да бидат купени околу 500 тони. Има и пријави за нереална проценка, годинава најмногу.
– Откупот продолжува, пунктовите се отворени, динамиката ја забави дождот, но се очекува денеска да се преземат околу 500 тони. Годинава има пркеу 100 приговори, половината се позитивно решени и ова се најголем број приговори досега. До 30 декември се откупени 6 250 тони, а просечната цена е 166,8 денари, изјави Шапуриќ.
Во меѓувреме, во Скопје, членови на Иницијативниот одбор протестираа пред Владата. Бараат линеарно зголемување на субвенциите до 100 денари и реална проценка. Револтирани, симболично запалија одредебна количина тутун. Во моментов дел од нив се на средба со надлежните. На протестот им се придружија и лозари од тиквешкиот регион.
Годинава се договорени околу 23 000 тони тутун. Според Сојузот на земјоделските здруженија има вишок од 2.500 тони кои, според договорот, треба да се преземат во законскиот рок на откупната кампања.
Врз основа на одредбите од Закон за управување со отпадот (“СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ” бр. 68/2004; 71/2004; 107/2007; 102/2008; 143/2008; 82/2009; 124/2010; 140/2010; 9/2011; 51/2011; 6/2012; 123/2012; 147/2013; 163/2013; 27/2014; 51/2015; 146/2015; 156/2015; 192/2015; 39/2016; 63/2016; 31/2020), “СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ” бр. 6/2012; 163/2013; 146/2015; 39/2016), Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (“СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ” бр. 140/2010; 47/2011; 148/2011; 39/2012; 163/2013; 146/2015; 39/2016) и член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.101/19 и 275/19) како и Одлуката за давање на согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија („Службен Весник на Република Северна Македонија“бр.298 од 16.12.2020 година), Комисијата за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад формирана со решение број 02-1056/1 од 22.12.2020 година, од страна на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, објавува јавен повик, согласно Решението за отпис на електронски инвентар (апарати), број 02-778/1 од 30.09.2020 година, и Решението за дополнување на Решението за отпис на електронски инвентар (апарати) број 02-778/2 од 20.10.2020 година, Државниот инспекторат за земјоделство објавува јавен повик за избор на правнo лицe кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад за движни ствари –опрема кои се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и не можат да се продадат или разменат (движните ствари на јавниот повик се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и не можат да се продадат или разменат).
Критериум за избор на правно лице е рокот за преземање на движните ствари предмет на јавниот повик, без надомест.
Предмет на јавниот повик се:
– Движните ствари отпишани со Решението за отпис на електронски инвентар (апарати), број 02-778/1 од 30.09.2020 година (електронски инвентар „апарати“) и
– Движните ствари отпишани со Решението за дополнување на Решението за отпис на електронски инвентар (апарати) број 02-778/2 од 20.10.2020 година, (столици, работни бироа, друг мебел).
Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари, кои се предмет на јавниот повик и истите да ги селектрира и транспортира како отпад на соодветен начин, согласно горенаведените законски одредби.
Движните ствари се наоѓаат во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство на ул. Бул. Гоце Делчев бр.18 13-кат, Зграда на МРТВ, Скопје, просториите на Државниот инспекторат за земјоделство во ПЕ Струмица, просториите на Државниот инспекторат за земјоделство ПЕ Прилеп и просториите на Државниот инспекторат за земјоделство ПЕ Струга.
Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган.
Лицe за контакт во врска со јавниот повик: Бесим Бафќари, телефон за контакт: 02/3121-462 и 070/403-925, електронска адреса: besim.bafqari@diz.gov.mk.
Јавниот повик се објавува во Службен весник на РСМ и во веб страната на Државниот инспекторат за земјоделство (diz.gov.mk).
Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребната документација во врска со јавниот повик е достапна во електронска форма на веб страната на Државниот инспекторат за земјоделство (diz.gov.mk) или може да се подигне лично во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство на ул. ,, Бул. Гоце Делчев бр.18 13-кат, Зграда на МРТВ Скопје или електронски, преку следниот линк: Јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад.
Краен рок за доставување на пријавите за учество е 5 работни дена од денот на објавување во Службен весник на Република Северна Македонија и на веб страната на Државниот инспекторат за земјоделство.
Со почит,
Комисија за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад.